Неочекуван пресврт: Дали Маск ја повлече тужбата против „Apple“? - Канал 5

Неочекуван пресврт: Дали Маск ја повлече тужбата против „Apple“?

Во првичната тужба, производителот на „iPhone“ беше обвинет за попречување на апликации како „Grok“ во продавницата „App Store“.

Неочекуван пресврт: Дали Маск ја повлече тужбата против „Apple“?

Компаниите на Илон Маск, „X Corp“ и „xAI“, поднесоа барање за отфрлање на тужбата против „Apple“, според судски документ. Спорот беше решен пред федерален суд во Тексас, иако не беа соопштени детали за причините за повлекувањето на тужбата.

Исто така, не е познато дали е постигнат некаков вид на спогодба.

Компаниите на Маск ја поднесоа првичната тужба минатата година, обвинувајќи го „Apple“ за кршење на антимонополските закони. Тужбата произлезе од интеграцијата на алатките на „ChatGPT“ во системот „Apple Intelligence“; компаниите тврдеа дека „Apple“ ги затвора пазарите за да ги одржи своите монополи и да ги спречи иноваторите како „X“ и „xAI“ да се натпреваруваат.

Во тужбата исто така се наведуваше дека „Apple“ и „OpenAI“ се здружиле против производите на „xAI“, како што е чет-ботот „Grok“ (кој повремено го фалел Адолф Хитлер). Тие понатаму тврдеа дека „Apple“ не ги промовира доволно нивните апликации во „App Store.“

„Да не беше ексклузивниот договор со „OpenAI“, „Apple“ немаше да има причина да избегнува повидливо прикажување на „X“ и „Grok“ во „App Store““, изјавија тогаш од компанијата за Ројтерс.

Вреди да се напомене дека многу од конкурентите на „OpenAI“ имале апликации кои биле на врвот на листите во „App Store“, дури и откако било воспоставено партнерството со „Apple“. Тука спаѓаат „DeepSeek“ и „Perplexity“, но не и „xAI“.

„OpenAI“ исто така беше вклучен во првичната тужба. Според извештајот на „CNBC“, компаниите на Маск наведуваат дека ќе продолжат со правната постапка против креаторот на „ChatGPT“. Денешното повлекување на тужбата се однесува само на „Apple“.

„xAI“ моментално е вклучена во уште една тужба. Овој случај вклучува обвинувања дека „Grok“ бил користен за генерирање илјадници слики со содржини од сексуална злоупотреба на деца (CSAM). Исто така, постојат тврдења дека алатката овозможува масовно производство на експлицитни „дипфејк“ (deepfake) слики направени без согласност, кои се користат за вознемирување на жени и девојки низ интернет. Ова доведе до официјална истрага од страна на властите во Калифорнија, која е во тек.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение за опожарувањето возила пред Амбасадата на Република Бугарија

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице .

ЈО: Поднесено обвинение за опожарувањето возила пред Амбасадата на Република Бугарија

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита.

На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот.

Заедно со Обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, оценувајќи дека и натаму постојат причините поради кои мерката била определена и продолжувана.

Според обвинителството, околностите укажуваат на опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка. При предлагањето на мерката предвид се земени и висината на казната пропишана за кривичното дело, како и природата на дејствијата што му се ставаат на товар, насочени кон сигурноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, вклучително и дипломатски претставници.

Согласно одредбите од Кривичниот законик, за кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот е пропишана казна затвор од најмалку една година,стои во соопштението од јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховен појаснува зошто ја укинал пресудата за Јакимовски

Врховен ја укинал пресудата за екс градоначалникот на Карпош Стефче Јакимовски, бидејќи не било утврдено дали објектот бил тврда градба или монтажен.

Врховен појаснува зошто ја укинал пресудата за Јакимовски

Во образложението на одлуката Врховен појаснува дека Јакимовски бил осуден на затворска казна иако ниту кривичниот ниту Апелацискиот суд, не утврдиле дали административниот објект на општината кој го изградил е од траен или времен карактер. Со разгледување на барањето за вонредно преиспитување на пресудите, поднеснео од неговиот адвокат , врховен утврдил дека пониските судови јасно не утврдиле дали административниот објект на општината, согласно законот, подлежи на потреба од носење на одобрение за градење и со тоа да се исполнат битните елементи на кривичното дело- бесправно градење или станувало збор за времен објект како што навел Јакимовски во неговата одбрана.

Со одлуката на Врховен суд со која се укинаа и првостепената и второстепената пресуда, предметот се враќа на повторно судење а Јакимовски треба да излезе од затвор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка прерасподелува десетици милиони долари наменети за Македонија и Словачка

Администрацијата на Трамп прераспределува десетици милиони долари воена помош на САД за земјите во Европа и Блискиот Исток за да ги поддржи конзервативните влади во Централна и Јужна Америка.

Америка прерасподелува десетици милиони долари наменети за Македонија и Словачка

Стејт департментот во вторник го извести Конгресот дека ќе репрограмира 52 милиони долари странско воено финансирање од Словачка, Македонија, Тунис и Ирак за Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и им вети дополнителна поддршка, бидејќи администрацијата на Трамп во својата надворешна политика ја стави приоритет на Западната хемисфера со акцент на борбата против трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Странското воено финансирање им обезбедува на земјите приматели долари од американските даночни обврзници за да им овозможи да купуваат воена опрема од американски добавувачи.

Стејт департментот на САД соопшти дека средствата ќе бидат искористени за „борба против наркотероризмот во нашиот двор и помош за продолжување на обезбедувањето на Панамскиот канал“, додавајќи дека Западната хемисфера историски е запоставена со воената помош на САД.

„Овие средства ќе ги спречат противниците да воспостават стратешки упоришта на нашата хемисфера“, велат од Стејт департментот.

Префрлањето на парите не го елиминира странското воено финансирање за Тунис, Ирак, Македонија или Словачка, иако се уште не се знае точниот износ што останува за тие земји.

Сепак, Стејт департментот изјави дека сегашната распределба на финансирањето „не се совпаѓа со приоритетите на администрацијата“ за Западната хемисфера.

Извор: Yahooo

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер