Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
МакедонијаМанасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност немаОва се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ.За кубење на коса, се добива 4 години затвор. За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност. За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита. Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ. Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството. Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и истата да не ја дочекаат. Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза на научната јавност - Македонија домаќин на престижниот собир на меѓународната градежна научна јавност.Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет како коорганизатор. Во своето обраќање, заменик претседателот Николоски потенцираше дека државата и научната и стручна јавност имаат нераскинлива врска во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти во државата. Тој ги потенцира крупните капитални инвестиции за кои како што нагласи, научната јавност има силно влијание во решавање на комплексните инженерски решенија. Пред присутните потенцира дека Македонија има стратешка позиција на Балканот, каде се пресекуваат двата транспортни коридори 8 и 10, што ја прават државата централна транзитна држава на европскиот транспорт. Во таа насока истакна Николоски, Владата го реализира најобемниот инвестициски циклус од неколку милијарди евра во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во државата. Во такви услови, инженерска експертиза има силно влијание во реализација на проектите, се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски. “Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е заради победата која што во 2023-та година Градежниот факултет ја однесе на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се случува во Скопје. Навистина е прекрасно да се видат некаде околу 600-тини професори од целиот свет, од сите делови на светот како дискутираат за најголемите инженерски предизвици кои што се во делот на градежништвото, нешто што секако ќе помогне многу и на нашиот факултет и на нашите професори и научници кои што секако ќе ни помогнат и на нас да реализираме уште повеќе проекти” – истакна Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“: Собрани 3 тона отпадВо координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево. За ефикасно и брзо завршување на работата, на терен заеднички интервенираа 40 сезонски работници од Општина Кисела Вода, 30 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и 20 работници од ЈП „Паркови и зеленило“. Со цел детално расчистување на зеленилото, пешачките патеки и коловозот, ангажираните екипи работеа со повеќе тримери, телескопски пили и дувалки, додека за подигнување на сметот Општината користеше три свои камиони. Во текот на акцијата од овој потег беа собрани и транспортирани вкупно 3 тона отпад. Ваквите акции, кои имаат за цел одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, ќе продолжат и во наредниот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПознати десетте најплатени кошаркари од ЕвролигатаНа порталот „Eurohoops“ се појави листата на најплатените кошаркари во Евролигата, а на првото место се наоѓа , плејмејкерот на Хапоел Т. А, Србинот, Василије Мициќ. Во дресот на Хапоел Тел Авив, Мициќ заработува 5,6 милиони долари годишно! Тој во моментов е најскапиот играч во Евролигата. Следните тројца кошаркари на листата на најплатени играат за Панатинаикос. Кендрик Нан заработува 5,3 милиони долари годишно и е втор на листата, трет е Гершон Јабуселе со 5 милиони, а четврт е Најџел Хејс-Дејвис, за кого ПАО издвојува 4,5 милиони долари по сезона. На петтата позиција е Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, а потоа на листата следи уште еден играч на Панатинаикос – францускиот репрезентативец Силвен Франсиско, кој заработува 4 милиони долари годишно. Седми е Елајџа Брајант. Соиграчот на Василије Мициќ од Хапоел добива 3,6 милиони долари по сезона, а осми е Џанан Муса од Дубаи, кој е платен 3,5 милиони долари годишно. Со плата од 3,2 милиони долари годишно, оваа позиција ја делат Никола Милутинов и Еван Фурние од Олимпијакос, Матијас Лесор од Панатинаикос и Томас Вокап од Дубаи (кој за малку не заврши во Олимпијакос). Шејн Ларкин испадна од листата на топ 10 играчи бидејќи во Фенербахче заработува околу 3 милиони долари годишно; истото важи и за Мајк Џејмс, кој го замени дресот на Монако со оној на Ефес. Жан Монтеро од Олимпијакос исто така заработува 3 милиони долари годишно, додека ситуацијата со Валтер Таварес и Јонас Валанчиунас е интересна бидејќи и двајцата заработуваат помалку од 3 милиони долари годишно, а сепак важат за најдобри центри во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook