Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
СветКошта: Сите сакаме мир во Украина, но Унгарија има поинаков пристап од останатите 26 членки на Ова е пресвртница за Европа. И денеска покажавме дека Европската Унија се справува со предизвикот. Градиме Европа на одбраната и застануваме зад Украина. Сите сакаме мир, а разликата е во тоа што 26 земји веруваат дека патот до мирот е преку зајакнување на капацитетите на Украина, додека Унгарија има поинаков став, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во врска со неуспехот на лидерите на ЕУ на вчерашниот Самит да усвојат заклучоци за поддршка на Украина, поради противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан. - Тука нема поделба. Ние 26 земји продолжуваме да ја поддржуваме Украина, како што тоа го правиме од првиот ден (на руската инвазија) на 24 февруари 2022 години и ќе продолжиме со тоа обединети, рече Кошта на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на Самитот. Кошта нагласи дека во ЕУ останува силната поддршка за Украина од 26 од 27-те земји членки, кои имаат заедничката позиција, а всушност само Унгарија има поинаков пристап. - Тоа значи дека Унгарија е изолирана меѓу 27-те. Ние ја почитуваме позицијата на Унгарија, но тоа е кога се 27, 26 е повеќе од еден, додаде Кошта. Тој нагласи дека безбедноста на Украина е во сржта на безбедноста на Европа и затоа ЕУ ја поддржува земјата уште од првиот ден на руската инвазија. - Веќе обезбедивме повеќе од 135 милијарди евра поддршка за Украина од 2022 година. Нашата поддршка е непоколеблива - ако војната продолжи, во сите идни мировни преговори, во обновата и во пристапувањето кон Европската Унија, рече претседателот на Европскиот совет. Кошта истакна дека европските лидери го задолжиле Советот на ЕУ да работи итно на понатамошни иницијативи за решавање на итните воени и одбранбени потреби на Украина, нагласувајќи дека Унијата се подготвува да ја поддржи Украина кога таа ќе одлучи да се вклучи во мировните преговори и да и помогне да постигне позитивен исход од нив, односно праведен и траен мир. - Ова е пресвртница за Европа. И денеска покажавме дека Европската Унија се справува со предизвикот. Градиме Европа на одбраната и застануваме зад Украина. Затоа што, на крајот на денот, она што сите го сакаме, она што сите го заслужуваме и за што сите работиме, се мирот и безбедноста, потенцира Кошта. На прашање дали ЕУ е во состојба да и гарантира безбедност на Украина, без поддршка од САД, Кошта истакна дека најдобра гаранција за безбедноста се самите Украинци, кои повеќе од три години се спротивставуваат на руската инвазија. - Ние ќе продолжиме со поддршката и натаму, дури и по војната... Безбедносните гаранции за иднината на Украина се од суштинско значење за безбедноста на Европа, но исто така и за меѓународната безбедност, бидејќи оваа војна не е само за Украина, туку е и за почитување на меѓународното право, почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, почитување на суверенитетот и спроведување на меѓународното право, рече Кошта, додавајќи дека резултатите од последното гласање во Генералното собрание на ОН покажале голема меѓународна поддршка за Украина, па затоа „меѓународното право мора да надвладее и војната мора да биде поразена“. Фон дер Лајен од своја страна нагласи најдобра безбедносна гаранција за Украина е украинската армија, па затоа ЕУ работи да им овозможиме на своите земји членки преку заеднички набавки да ги обезбедат потребните воени капацитети за земјата и да ја поддржат нејзината „извонредна армија“. Таа додаде дека сите сакаме мир, но дека само преку зајакнување е можен праведен и траен мир, а постигнувањето на таков мир е во интерес и на американскиот претседател Доналд Трамп. - Тоа може да се постигне само со поддршка на Европската Унија и нејзините земји членки. Ние бевме тие што, на пример, го обезбедивме економскиот опстанок на Украина за 2025 година. Ние бевме тие кои се грижиме енергетскиот систем во Украина да опстои во текот на зимата и обезбедивме 1,8 гигавати енергија за енергетскиот систем, што овозможи да се протурка зимата. Има толку многу примери кои покажуваат колку е важна поддршката на Европа за да се дојде до позитивно решение. Мирот преку зајакнување е во интерес на сите, рече Фон дер Лајен. Таа додаде дека поддршката од ЕУ за вооружените сили на Украина никогаш не била поитна и затоа Унијата заедно со Киев и со одбранбената индустрија ќе работи за задоволување на потребите на украинската армија. Фон дер Лајен нагласи дека прашањето за поддршката на Украина е важно за земјите членки, но и за партнерите на ЕУ, па затоа таа и Кошта утрово ќе ги брифираат партнерите за резултатите од Европскиот совет. Осврнувајќи се на заклучоците од Самитот посветени на европската одбрана, Кошта нагласи дека денешниот ден претставува клучен момент за Европа и за безбедност на Европејците, со решителната одлука за создавање на силна и посуверена „Европа на одбраната“. - Донесовме конкретни одлуки да обезбедиме нови ресурси, нови алатки, нови инструменти за нашите одбранбени капацитети. Тоа значи да инвестираме во нашата економија и да ги заштитиме нашите граѓани, рече Кошта. Тој нагласи дека е донесена одлука да се инвестира во приоритетните области на одбраната, како противвоздушната и ракетната одбрана, артилериските системи, ракетите, муниција, беспилотните летала, воената мобилност, вештачката интелигенција и кибер и електронската заштита, да се мобилизираат дополнителни јавни и приватни средства за одбранбените потреби и земјите членки заедно да инвестираат подобро и поефикасно преку заеднички набавки. - Ние го исполнуваме она што го ветивме. Да го зајакнеме нашето одвраќање. Да ја зајакнеме безбедноста на нашите граѓани. И, во тој процес, да се зајакне конкурентноста на Европа и нашата технолошка и индустриска база, рече Кошта, додавајќи дека посилната европска одбрана обезбедува и одвраќање за Украина и напорите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат од корист и за Украина. Фон дер Лајен, пак, оцени дека со одлуките на овој Самит се испишува историја, затоа што од него ЕУ излегува решена да ја гарантира безбедноста на Европа и да дејствува брзо и решително согласно тоа како налага ситуацијата. - Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестираме подобро и да инвестираме побрзо заедно, од Париз, преку Лондон, до Брисел. Покажавме дека сме подготвени и способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме, рече Фон дер Лајен. Таа истакна дека факт е оти Европа се соочува со јасна и актуелна опасност и затоа на европските лидери им презентирала план што ќе и овозможи на Европа да ја зајакне својата воена способност за да може да се соочи со денешните закани и да мобилизира до 800 милијарди евра за потребите на одбраната. - Се работи за преземање поголема одговорност на нашите рамења за сопствената безбедност, бидејќи итноста за тоа е реална, додаде Фон дер Лајен, најавувајќи дека пред следниот редовен Европски совет на 20 и 21 март, Европската комисија ќе презентира детална правна рамка за нејзиниот План за повторно вооружвање на Европа, како и „омнибус за поедноставување“ за одбраната. Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина Лидерите на земјите членки на Европската унија на вчерашниот специјален Европски совет посветен на Украина и на одбраната на Европа, се согласија дека континентот мора да стане поодговорен за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвици, но не успееја да постигнат консензус за поддршката на Киев. Коментирајќи го ваквиот исход на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека сите сакаат мир, а разликата е во тоа што 26 земји веруваат дека патот до мирот е преку зајакнување на капацитетите на Украина, додека Унгарија има поинаков став. - Тука нема поделба. Ние 26 земји продолжуваме да ја поддржуваме Украина, како што тоа го правиме од првиот ден (на руската инвазија) на 24 февруари 2022 години и ќе продолжиме со тоа обединети, рече Кошта, додавајќи дека во ЕУ останува силната поддршка за Украина од 26 од 27-те земји членки, кои имаат заедничката позиција, а всушност само Унгарија има поинаков пристап. Тој нагласи дека безбедноста на Украина е во сржта на безбедноста на Европа и затоа ЕУ ја поддржува земјата уште од првиот ден на руската инвазија и ќе продолжи со поддршката и натаму, дури и по војната. - Безбедносните гаранции за иднината на Украина се од суштинско значење за безбедноста на Европа, но исто така и за меѓународната безбедност, бидејќи оваа војна не е само за Украина, туку е и за почитување на меѓународното право, почитување на меѓународниот поредок заснован на правила, почитување на суверенитетот и спроведување на меѓународното право, рече Кошта. Во усвоената официјална верзија на заклучоци за Украина во само три точки се посочува дека членовите на Европскиот совет имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти на прашањето за Украина ќе се навратат на својот следен состанок. - Европскиот совет разговараше за последните случувања во однос на Украина, се наведува кусо во документот, при што се додаваа дека предложените заклучоци за усвојување биле „цврсто поддржано од 26 шефови на држави или влади“. Во делот од заклучоците посветени на европска одбрана, пак, се посочува дека Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани, во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија. - Унијата ќе ја зајакне својата севкупна одбранбена подготвеност, ќе ги намали своите стратешки зависности, ќе ги надмине празнините во критичните способности и соодветно ќе ја зајакне европската одбранбена технолошка и индустриска база, така што ќе биде во позиција подобро да се снабдува со опрема во потребните количини и со забрзано темпо. Ова, исто така, ќе придонесе за зајакнување на европската индустриска и технолошка конкурентност, посочуваат лидерите на ЕУ. Во текстот натаму се посочува дека Европскиот совет ја нагласува потребата од значително продолжување на зголемувањето на издвојувањата за безбедноста и одбраната на Европа и ја повикува на Европската комисија да истражува понатамошни мерки со кои на земји членки ќе им овозможи полесно обезбедување на поголеми одбранбените трошоци. - Европскиот совет, исто така, потсетува дека посилна и поспособна Европска унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО. Европскиот совет ја нагласува и важноста да се работи заедно со партнери кои не се истомисленици во ЕУ, се додава во заклучоците. Осврнувајќи се на овие заклучоци Кошта нагласи дека вчерашниот ден претставува клучен момент за Европа и за безбедност на Европејците, со решителната одлука за создавање на силна и посуверена „Европа на одбраната“. - Донесовме конкретни одлуки да обезбедиме нови ресурси, нови алатки, нови инструменти за нашите одбранбени капацитети. Тоа значи да инвестираме во нашата економија и да ги заштитиме нашите граѓани, рече Кошта. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, оцени дека со одлуките на овој Самит се испишува историја, затоа што од него ЕУ излегува решена да ја гарантира безбедноста на Европа и да дејствува брзо и решително согласно тоа како налага ситуацијата. - Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестираме подобро и да инвестираме побрзо заедно, од Париз, преку Лондон, до Брисел. Покажавме дека сме подготвени и способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме, рече Фон дер Лајен. Таа истакна дека факт е оти Европа се соочува со јасна и актуелна опасност и затоа на европските лидери им презентирала план што ќе и овозможи на Европа да ја зајакне својата воена способност за да може да се соочи со денешните закани и да мобилизира до 800 милијарди евра за потребите на одбраната. - Се работи за преземање поголема одговорност на нашите рамења за сопствената безбедност, додаде Фон дер Лајен, За зајакнувањето на европската одбрана на Самитот говореше и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која порача дека Европа мора да се грижи за сопствената безбедност и не може да си дозволи други да ја чуваат безбедна. - Премногу работи се во прашање и не можеме да чекаме повеќе, изјави Мецола. Таа порачаа и дека во Украина мора да се постигне вистински мир, што ќе гарантира слобода за земјата, безбедност за Европа и одвраќање на оние кои мислат дека можат да преземат територии со сила. - Мирот мора да биде вистински, а не само едноставно на сите да ни создава лажно чувство на безбедност, дозволувајќи му на агресорот да продолжи да се обидува да освојува суверени нации, рече Мецола. За потребата од мир во Украина пред европските лидери говореше и украинскиот претседател Зеленски, кој нагласи дека сите мора да се погрижат Русија да ја прифати потребата за прекинување на војната. - Украина бара мир уште од првиот момент на војната, а ние секогаш велиме дека војната продолжува исклучиво поради Русија. Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние ги предлагаме тие чекори. Барам поддршка од Украина и европските лидери кои помагаат да се отвори патот кон мир, истакна Зеленски, додавајќи дека „Украинците навистина сакаат мир, но не по цена да се откажат од Украина“. Според него, вистинското прашање пред какви било преговори е дали Русија е способна да се откаже од војната. - Ве повикувам да продолжите да ја поддржувате позицијата дека сите прашања поврзани со безбедноста на Украина треба да се решаваат со учество на Украина, исто како што сите прашања поврзани со безбедноста на вашите нации или Европа како целина треба да се решаваат со вашето учество. Само тоа може да гарантира мир на континентот и почитување на интересите на сите европски држави. Затоа се обидуваме да обезбедиме застапување на европските интереси. Сè што влијае на безбедноста на Европа треба да се реши со учество на Европа, потенцира Зеленски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook