Кајли Џенер ја лажела јавноста дека немала естетски операции, ги правела уште на 19 години - Канал 5

Кајли Џенер ја лажела јавноста дека немала естетски операции, ги правела уште на 19 години

Кога во 2007 година се појави во медиумите преку учество во реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, милионска публика го следеше нејзиното растење.

Кајли Џенер ја лажела јавноста дека немала естетски операции, ги правела уште на 19 години

Секако, сите забележаа колку таа се промени и дека морала да оди „под нож“ за да изгледа како денес. И покрај тоа, Кајли Џенер постојано негираше дека правела естетски интервенции, тврдејќи дека користела „само филери“.

- Една од најголемите заблуди за мене е дека како дете имав ниска самодоверба и дека одев на многу операции за целосно да го сменам лицето, што е лага. Само додадов филери. Се чувствував малку несигурно за моите усни, па си ставив филери. Тоа е најдоброто нешто што сум го направила и не се каам за тоа, секогаш мислев дека сум слатка – рекла таа.

Кајли во финалето на третата сезона конечно призна дека направила операција за зголемување на градите. Разговарајќи со својата најдобра пријателка Анастасија во новата епизода, таа откри дека ставила силиконски импланти кога имала 19 години и признала дека се кае што ја направила процедурата.

- Исто така, знаеш дека направив операција на градите пред Сторми. Имав прекрасни гради, природни, едноставно убави, со совршена големина. Само посакував никогаш да не ги направев. Би му препорачала на секого што размислувал да почека да добие деца - изјави Кајли, пред да открие како нејзините ставови за пластичната хирургија се промениле сега откако станала мајка.

-И јас имам ќерка. Ќе ми го скршеше срцето ако на 19 години ми кажеше дека сака силикони. Таа е најкул нешто што ми се случило. Сакам да бидам најдобра мајка и најдобар пример за неа, а само посакувам и самата да можам се поинаку, бидејќи не би направила ништо – изјави Кајли.

- Да можевме да го вратиме времето - и рекла Анастасија на својата пријателка милијардерка, но потоа тие наздравија со самодоверба.

Да потсетиме, имаше шпекулации дека Кајли имала операција на градите во 2015 година кога имала само 18 години, иако таа тоа го демантираше. "Сакав да направам промена, нели, луѓе - не се обложив на силикони. Сите сте опседнати со тоа. Вистина е дека како што растев, додадов 15 килограми, но телото ми се промени." рекла таа во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

Пад од 5,9 отсто во производството и 7,8 отсто помалку работници се сериозен сигнал дека на македонското рударство му се потребни нови инвестиции, модернизација и јасна развојна политика.

И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

На македонското рударство не му треба само статистика – му треба нов развоен циклус.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 5,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Уште позагрижувачки е што бројот на работниците во секторот е намален за 7,8 отсто.

Од иницијативата „И здравје и работа“ велат дека овие податоци не треба само да се констатираат, туку треба да бидат сериозен повик за отворање на прашањето како Македонија ќе го врати рударството на патеката на растот и развојот.

„Не треба немо да гледаме како се намалува производството, како исчезнуваат работните места и како една индустрија со децении останува без нови големи инвестиции. Рударството може и мора повторно да биде силен мотор на македонската економија, но за тоа се потребни инвестиции, нови технологии, современи стандарди и предвидливи услови за развој“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Според нив, проектот за рудник за бакар Иловица–Штука е конкретен пример за инвестиција која може да го промени размерот на македонското рударство, особено ако се реализира со современи технологии, високи еколошки стандарди и силен институционален надзор.

Проектот се поврзува со инвестиција од околу 350 милиони евра, производство на бакар и отворање на стотици директни и илјадници индиректни работни места. Но, истиот можност за значително зголемување на извозниот потенцијал на земјата.

„Ова не е прашање само на еден проект. Прашањето е дали Македонија сака повторно да има растечка рударска индустрија. Ако одговорот е да, тогаш мора да создадеме услови за инвестиции во нови рудници, истражување, модернизација и технологии“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата додаваат дека новото рударство не може да биде рударството од минатото. Тоа треба да биде побезбедно, дигитализирано, технолошки напредно и одговорно кон животната средина, со јасни правила за заштита на водата, почвата, биодиверзитетот и локалните заедници.

„Не треба да бираме меѓу економскиот развој и животната средина. Треба да бараме инвестиции што ќе ги исполнат највисоките стандарди и ќе покажат дека и здравје и работа можат да одат заедно,“ велат од И здравје и работа.

Од „И здравје и работа“ апелираат падот на производството и вработеноста во рударството да не биде само уште една статистика во месечните извештаи.

„Ова треба да биде сигнал за акција. Ако сакаме рударството повторно да биде силен мотор на економскиот раст и развој, денес е време да создадеме услови за инвестиции – а не утре да се прашуваме зошто индустријата продолжила да се намалува,“ велат од Иницијативата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

Денес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола.

На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот.

6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во:

- автопати

- експресни патишта

- железница

- над 1200 проекти во општините

- аеродроми

ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер