МакедонијаДескоска: Не гледам никакво прекршување на законот во изборот на новите антикорупционериДа оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска . Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според неа, ако се гледа правнo, роднинските врски со овој степен не се опфатени. – Но надвор од тоа, дури и да се опфаќаше нема формално прекршување на законот, затоа што постапката беше според законите, рече министерката. Останува на ДКСК, како што посочи Дескоска, дали ќе си ја врши работата совесно, чесно и така како што е пропишано со законот. – Да оставиме време на новиот состав на Антикорупциската комисија да почне да работат и од тоа ќе се цени дали бил направен вистинскиот избор или било нешто друго во позадина, рече Дескоска и додаде дека сега тие имаат и нови надлежности – ќе ценат јавни набавки, финансирање на политички партии, изборните кампањи... Министерката потсети дека законот за спречување на корупцијата бил носен во транспарентна процедура во консултации со европските експерти и со невладини организации, а селекцијата и изборот на кандидатите гарантирале траспарентен избор. Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ако јавноста смета дека изборот на Бајрами е голем проблем требало да се реагира додека траел изборот, како што се реагираше и за многу други кандидати. -Оваа мешана комисија ги оценила овие кандидати за најдобри. Следниот период на функционирање на оваа комисија, особено вопредизборен период ќе покаже колку е искрена намерата на било кој да се бори против корупцијата, рече Манчевски. Тој додаде дека му пречи што долго време Законот за спречување на корупцијата бил блокиран од страна на опозицијата во Собранието. На прашање за вработувањето во администрацијата на блиски владини функционери, Манчевски одговори дека Антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси. Тој рече дека 10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор. -Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата... Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, рече Манчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската и хрватската царина со заедничка платформа за соработка со бизнис заедницатаПреку олеснување на трговијата до зголемување на трговската размена.Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите. Ова беше главниот заклучок од денешната средба во Хрватска остварена на високо ниво помеѓу делегации од двете држави, предводени од директорите на Царинските управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од стопанските комори и асоцијацијата на превозници. На средбата двете делегации дискутираа за предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата, како и за можностите од нивно надминување преку поедноставување на царинските процедури, намалување на административниот товар за транспортерите и времето на чекање на границите, имплементација на современи решенија и понатамошна дигитализација на процесите, како и за можностите за приоритетен третман за доверливи економски оператори. „Со оваа средба, испраќаме и силна порака: дека институциите навистина се сервис на економијата. Дека границите треба да бидат место на контрола на ризикот, а не бариера за легалната трговија. Царинските администрации од регионот и Европската Унија можат да работат како вистински партнери во интерес на економијата, конкурентноста и интеграцијата на нашите пазари. Оваа иницијатива ќе ја преточиме во конкретна оперативна соработка која треба да донесе мерливи резултати за економските оператори, компаниите, транспортерите и граѓаните на двете држави“, истакна директорот Бобан Николовски. "Нашата цел е да изградиме партнерски однос со стопанството од двете земји, заснован на доверба, транспарентност и постојана комуникација, а денешната средба претставува одлична основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Хрватска и Македонија. Ефикасната соработка помеѓу двете Царини ќе биде основа за развој на економиите на двете земји“, порача Демировиќ. Присутните претставници од Стопанската комора, Сојузот на стопански комори и Асоцијацијата на превозници Макам- транс од Македонија ја поздравија иницијативата за заедничка платформа истакнувајќи дека ова е прва средба од ваков вид и е пример на успешно партнерство со институциите како клучно во зголемување на конкурентноста на економиите.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаКузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на МицкоскиХристијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората. Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое отвора простор за масовна изборна кражба. Зошто во Македонија граѓаните гласаат со отпечаток од прст, спреј, идентификација и строги контроли, а за дијаспората се предлага електронско гласање без никаква реална контрола? Дали тоа е демократски? Дали тоа е фер? Мицкоски знае многу добро зошто го турка ова решение. ВМРО-ОКГ има историја на кражба на избори. Пред десетина години видовме како се крадеа гласови, како се организираа паралелни структури и како се користеа сите можни механизми за манипулација. За нив кражбата на пари и кражбата на гласови е исто и во едниот и во другиот случај станува збор за криминал. Сега, кога веќе не им поминуваат лажините афери и дефокуси, се обидуваат преку Изборниот законик да си обезбедат нов механизам за манипулација. Електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е исто така опасно. Разликата е само во методот. Но, најважно од сè е следново: Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор. Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда. Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ. Затоа што ЕУ значи независно судство, европско обвинителство и крај на неказнивоста. А токму тоа Мицкоски и неговата банда најмногу го плашат. Затоа и го влечат ова прашање. Затоа и не сакаат вистински консензус. Затоа и продолжуваат со манипулациите. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола. Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија, ниту од дијаспората. Ќе продолжиме да се бориме за фер и демократски избори, за реформи и за европска Македонија. Сè друго е само продолжение на истата стара игра - игра на изолација, манипулација и заштита на криминалот. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри средношколки со платформата „Дигитален чувар“ победија хакатонот SheSafe Online во СкопјеТимот Safe Trace, три 17-годишни ученички, Бисера Дрндар, Ана Костуранова Денковски и Мија Костуранова Денковски, го освои првото место и наградата од 500 евра на хакатонот SheSafe Online што се одржа во Скопје. Нивното решение „Дигитален Чувар“ е платформа поддржана со вештачка интелигенција што им помага на корисниците да ги разберат и заштитат своите дигитални идентитети, анализирајќи јавно споделени информации и покажувајќи преку интерактивна Ripple Map како навидум безопасни објави можат да откријат чувствителни детали. Жирито го гласаше решението за најдобро на настанот. Второто место и наградата од 250 евра ги освои тимот Curly Burrito, Мануела Наумовска и Тамара Нешовска, со прототипот SafeWalk, апликација што им помага на жените да избираат побезбедни пешачки рути врз основа на податоци од заедницата, со поддршка за македонски, српски и албански јазик. „Импресионирани сме од зрелоста и општествената свест на овие млади луѓе. Тие не решаваа апстрактни проблеми, тие развиваа технологија што одговара на реални ризици со кои се соочуваат жените и девојките секој ден“, изјавија организаторите. Хакатонот SheSafe Online, одржан во Startup Club Скопје, собра 20 млади иноватори на возраст од 17 до 25 години, од кои 95% беа жени, кои во текот на 36 часа развиваа технолошки решенија за заштита на жените и девојките од дигитално насилство. Сите седум тимови ги презентираа своите решенија пред стручно жири на Demo Day, работејќи на три реални сценарија на родово базирано насилство и онлајн ризик: безбедна и скриена комуникација под дигитален надзор, итен и дискретен повик за помош на јавно место, и препознавање на онлајн манипулација кај младите. Учесниците добија менторство од професионалци во технологија, социјални иновации и поддршка за жртви, а нивните решенија ги оценуваа специјалисти од АСТРА, ICT Hub Белград, Business Impact Lab, Технолошко-металуршкиот факултет (УКИМ) и Отворена порта – Ла Страда Северна Македонија. Оваа активност е организирана од страна на АСТРА – Акција против трговија со луѓе и ICT Hub во рамките на регионалната програма „ЕУ за родова еднаквост: економско зајакнување на жените и спречување на насилството врз жените“, финансирана од Европската Унија и заеднички спроведувана од UN Women и UNDP.Тагови: SheSafe Online Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38