3МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
БалканВучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека до изборите остануваат околу педесет дена и дека ќе поднесе оставка кога ќе ги заврши сите државнички обврски и планираните посети во странство.„Ќе имам многу посети и многу важни работи што ја засегаат државата. Во меѓувреме имате и национален празник, 15 септември, Денот на националното единство и знамето. Пред тоа имаме голема воена вежба на Пештера, потоа патување во Бања Лука на свечена академија, патување во Њујорк и говор во Обединетите нации и многу, многу средби со светски претставници“, изјави Вучиќ за Pink во Ниш, пренесе Телеграф. Тој додаде дека пред тоа ќе биде домаќин на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и дека најверојатно ќе оди во Париз и ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. „Потоа, кога ќе се вратам, ќе поднесам оставка и ќе бидам обичен граѓанин кој оди да разговара со граѓаните, со народот и да се бори за нивната поддршка и доверба“, рече Вучиќ. Осврнувајќи се на неодамнешната прес-конференција на „студентите во блокадата“ на која беше наведено дека државата ги шпионирала, Вучиќ рече дека дури и тие знаат дека не биле прислушкувани. „Кога не знаете што да правите, тогаш извадете некои деца и оставете ги да кажат дури и она што не знаат како да го кажат. Затоа имаше голема трема, не можат ни да кажат што некој им рекол да кажат. А службата дури знае дека тие знаат дека не биле прислушкувани, но тоа е работата на службата, не сакам да се занимавам со такви работи“, рече Вучиќ. Во врска со ова, Вучиќ изјави дека поединци користеле вакви трикови и во Македонија. „Потоа, Македонија го смени името и сè друго. Понекогаш кога го правите тоа, тој оригинал може да помине. Тоа повторување и копии секогаш изгледаат како фарса. Па така, се обидоа да го повторат истото по 5 октомври, а сега се обидуваат да го применат македонското сценарио. Сè е фарса и не поминува. Нашиот народ е многу попаметен од тоа“, рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Шоу биз„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиониШок-признание на мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотелиАктерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот. Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“. Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели. За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом. „Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот. Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот. Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“. Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти. Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари. Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.Тагови: Николас Кејџ Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“,„Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош“, информираше гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов. Исплатата на средствата се одвива непречено. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите се услужуваат и граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можат да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Гувернерот посочи дека Народната банка работи и на создавање услови за организирање исплата на средствата преку шалтери и во други градови во земјата, со цел да им се олесни пристапот на пензионерите и примателите на социјална помош до нивните средства. „Ги разбираме загриженоста и потребата на граѓаните да располагаат со своите средства, особено кога станува збор за пензиите, платите и средствата наменети за намирување на секојдневните животни потреби. Сакам уште еднаш јасно да нагласам дека средствата на клиентите и понатаму се наоѓаат на нивните сметки во „АЛТА банка“ АД Битола. Привремените ограничувања се однесуваат на начинот на располагање со средствата и се воведени со цел да се зачуваат ликвидноста и стабилноста на Банката и да се заштитат интересите на сите нејзини клиенти“, истакна гувернерот Славески. Гувернерот Славески, директорот на ПИОМ, Мемов, и претседателката на СЗПМ, Трајкова, ги повикаа пензионерите да бидат спокојни дека исплатата на средствата на пензионерите и примателите на социјална помош е приоритет во активностите на Народната банка. Воедно, беше посочено дека се работи и на изнаоѓање решенија за постепено обезбедување на другите банкарски услуги во најкус можен рок. Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка континуирано презема активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија коишто ќе овозможат постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите. На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНевреме во Франција: Обилни врнежи,поплавени куќи,евакуирано население,затворени патишта Четири департмани во јужна Франција се под портокалово метеоролошко предупредување поради обилни дождови и ризик од поплави, додека во текот на ноќта на југот на Корзика беа евакуирани 73 лица, соопштија денеска надлежните служби.Метеоролошката служба „Метео-Франс“ (Meteo-France) го прошири предупредувањето и на департманите Еро (источниот дел) и Гар (јужниот дел), кои им се придружија на Корзика и Горна Корзика, објави телевизијата БФМ (BFM TV). Предупредувањето е на сила од 10 часот утрово, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста тоа да се подигне на повисоко ниво, доколку силните невремиња продолжат во истите области. Префектурата на Корзика соопшти дека синоќа биле евакуирани 73 лица, кои се сместени во спортска сала во Порто Векио. Предупредувањето до жителите и лицата кои престојуваат во општините Порто Векио и Сари-Солензара било испратено уште од седум часот наутро. Обилните дождови што ја зафатија областа Порто Векио од средата доведоа до загрозување на многу луѓе, при што се спасени 20 лица, меѓу кои и едно лице извлечено од возило што било однесено од водената стихија, соопштија од противпожарната служба на Јужна Корзика. Исто така, поплавени се 10 куќи, додека неколку патишта се затворени поради прелевање на вода преку мостовите во областа Порто Векио, Сото и Фигари.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter