Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
1Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
БалканШест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО) Пожарот што ноќеска изгоре шест куќи и колиби во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија е ставен под контрола, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи.Нуфи рече дека пожарникарите се уште се на терен за конечно да го изгаснат пожарот, објавува „Еуроњуз“. „Во Химаре е целосно мирна ситуацијата, целосно контролирана ситуација“, рече Нуфи. View this post on Instagram A post shared by Top Channel (@topchannelalbania) Според него, повеќе од 170 припадници на вооружените сили, над 300 пожарникари и повеќе од 21 противпожарни возила учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, а воздушната интервенција во познатото летувалиште започнала утрово во 6:30 часот. „Немало загуба на животи или штети на бизниси, благодарение на интервенцијата и посветеноста на сите службени лица“, нагласи Нуфи.Тагови: летувалиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски патПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер. Претседателката ја поздрави посетата на француските сенатори и активниот ангажман на Групата за парламентарно пријателство во поддршката на регионот на патот кон ЕУ. Таа ја нагласи важноста на континуираниот политички дијалог и на парламентарната соработка, во духот на принципите и вредностите утврдени во основачките акти. Сиљановска-Давкова укажа на неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел, којшто, наместо преку Копенхаген, врвел преку метрополите на соседите, членки на ЕУ, соочувајќи се со препреки и услови од идентитетска, наместо од реформска природа. Таа потсети дека уште во 1992 година, Бадентеровата комисија позитивно ја оценила нашата уставна усогласеност со Европската конвенција за човекови права и со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а во 2022, Венецијанската комисија во Мислењето за Законот за употреба на јазиците, констатирала повисоки стандарди на заштита на малцинските права од европските. Исто така, претседателката посочи на македонскиот евроинтеграциски парадокс, кога, по десетина позитивни годишни извештаи за почитување на правата на заедниците, за прв пат, во 2023 година, во Извештајот на бугарскиот пратеник Илхан Ќучук се констатира потребата од внесување на Бугарите во нашиот устав, врз основа на вториот записник/протокол на Македонско-Бугарската комисија за историски и образовни прашања, потпишан од министерот Османи и министерката Генчовска, иако во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, таква одредба нема. Таа прашува: може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира и спори; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ, односно одредбите за почитување на: националниот и културниот идентитет на државите и нациите, уставните и политичките структури, интегритетот и дигнитетот на граѓаните; може ли некој во демократска држава да гарантира уставни измени, кога пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување? Според неа, македонскиот Устав, односно членот 48 и амандманот VIII ги гарантираат малцинските права не само на наброените заедници во Преамбулата, туку на „другите“, за разлика од бугарскиот, којшто, освен антидискриминаторската клаузула од членот 6, не содржи ниту една гаранција, па Венецијанската комисија, во Мислењето од 2008 и препорачува со уставна измена да го стори тоа. Таа го афирмираше и прашањето за односот на Бугарија кон пресудите на Судот за човекови права во Стразбург, во којшто има и свој судија. Претседателката на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Марта де Сидрак, изрази разбирање за состојбата во којашто се наоѓа земјава и ја потврди француската поддршка за нејзината европска перспектива, потенцирајќи дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во ЕУ врз основа на мерит системот. Таа изрази уверување дека Групата за пријателство Франција–Западен Балкан ќе продолжи да го негува дијалогот, европските вредности и наследството на Робер Бадентер, како нејзин основач, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКанадскиот премиер го шокира светот: Разгледувавме и опција за воена интервенција од САД Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека ја разгледал можноста за американска воена акција против Канада, изјави тој за „Њујорк тајмс“ во интервју.Карни рече дека неговата администрација внимателно го разгледала сценариото „екстремен крај на линијата“ во кое САД преземаат воена акција против неговата земја и се подготвила соодветно, без да даде дополнителни детали. „Мислам дека во овие улоги имате одговорност да го разгледате ризикот од екстремен крај на линијата“, рече Карни, додавајќи: „Тоа е едноставно управување со ризик. Тоа не е основно сценарио, но би било неодговорно да не се подготвувате за него.“ Тензиите меѓу соседите се зголемија за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп. Секој воен конфликт веројатно би бил многу нерамномерен. Американската војска има повеќе од два милиони активен и резервен персонал, додека Канада има помалку од 200.000. Слично на тоа, САД имаа 65 подморници во 2024 година, во споредба со четирите на Канада, објави Би-Би-Си. Сепак, Канада има најдолга крајбрежна линија во светот и е блиску до Арктикот, две околности што го наведоа Карни да ги зголеми трошоците за одбрана откако ја презеде функцијата. Во меѓувреме, Трамп честопати ја нарекуваше Канада „51-ва држава“. Тој, исто така, започна трговска војна, која ескалираше минатиот месец кога двете земји почнаа да воведуваат царини за низа производи. Дури и по ескалацијата на конфликтот, Карни потврди дека „често“ разговара со Трамп. „Од моја перспектива, имаме добри односи во смисла дека можеме да се јавиме на телефон и да разговараме еден со друг за проблеми“, рече тој, додавајќи: „Тој е директен. Јас сум директен за тоа каде се наоѓаме. Тоа е многу поефикасно и затоа знаете дека постои и ќе остане така.“ Mark Carney says he has considered possibility of US military action against Canada https://t.co/HRpQeMJbEM — BBC News (World) (@BBCWorld) September 24, 2026 Карни рече дека верува оти сè уште постои пат за продолжување на трговските разговори со Соединетите Држави. Враќањето на пријателските односи би било корисно за двете земји.Тагови: канадскиот премиер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
БизарноПензионери намерно оштетуваат семафори: Тие се опасно оружје (ВИДЕО)Семафорите се составен дел од градскиот сообраќај со децении, а во последниве години тие претрпеа бројни технолошки подобрувања. Современите системи можат да детектираат пешаци, да го следат сообраќајот и да го прилагодат работењето на семафорите на протокот на возила. Меѓутоа, во округот Девон во југозападниот регион на Англија, таквата технологија не е добредојдена. Напротив, некои граѓани ја гледаат како закана и почнаа да ги оштетуваат семафорите, објавува Oddity Central. „Технологијата потекнува од бојното поле“ Еден таков инцидент е забележан во градот Илфракомб, кога минувач снимил двајца пензионери како се качуваат на семафорски столб и ја оштетуваат опремата. Може да се видат како ги сечат каблите поврзани со напредните сензори. Откако видеото стана вирално на социјалните медиуми, беше откриено дека мажот и жената, двајцата пензионери во шеесеттите и седумдесеттите години, биле дел од група позната како Blade Runners. Во објавите на Интернет, членовите на групата ја оспоруваат идејата дека модерната технологија на семафори е наменета да го подобри животот во градовите. Наместо тоа, тие тврдат дека тоа е „електронско оружје“ напојувано од „нелегална технологија на бојното поле“. Според нив, оваа технологија претставува „непосредна закана по животот“ бидејќи наводно може да предизвика низа сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви удари, рак на мозокот, анксиозност, па дури и ненадејна смрт. Сепак, групата не понуди никакви докази за овие неверојатни тврдења. Тие велат дека нема да се откажат Полицијата во Девон и Корнвол вели дека маж и жена кои биле снимени како манипулираат со семафор во Илфракомб предизвикале штета вредна неколку илјади фунти. И двајцата биле уапсени под сомнение за оштетување на јавен имот и загрозување на учесниците во сообраќајот, а подоцна биле ослободени со кауција. Случајот следи по неколку извештаи за оштетени семафори поврзани со теории на заговор што циркулираат на интернет. „Блејд Ранерс“, меѓу другото, тврдат дека технологијата вградена во семафорите може да „убие луѓе кога се фокусира на цел“, но тие не понудија никакви докази ниту за ова тврдење. И покрај критиките што ги добиле за нивните постапки и ставови на социјалните медиуми, тие велат дека нема да се откажат. Тие се опишуваат себеси како „широко будни“ - референца на верувањето дека наводно се свесни за „опасностите што другите не ги препознаваат“.Тагови: пензионери семафори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook