МакедонијаАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај ГрачаниСпоред податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје. Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар. Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари. Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПогребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврскиПоранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата. Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаМаѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени иметоУнграскиот премиер ги расчисти дилемите. Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија. Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. -Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос. Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен. -Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче. - Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче. Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook