Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
МакедонијаИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожариВо Скопје се уште се чуствува мирисот од опожарената шума во близина на границата со Косово.. Противпожарните екипи деноноќно на терен - гори шума и ниска вегетација во повеќе општини низ земјава. Но бројот на пожари е многу поголем од оној кој што се објавува од службите, бидејќи се работи за оган кој се гасне во прва фаза, информира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување - Стојанче Ангелов. Во Скопје пак, сеуште се чувствува мирисот на чад од огнот кој гори во општина Ѓорче Петров веќе два дена. „Овој пожар денеска се движи во насока на село Никиштане но таму се распределени доволен број на скопски пожарникари со поддршка на огнените тимови на Дирекцијата и не претставува закана за ова село. Овој пожар може да се забележи и доколку некој патува кон Косово // На овој пожар со дејство започна еден полициски хеликоптер и два ер трактори на ДЗС. Активен пожар има и кај село Белица, општина Македонски Брод кој се одвива многу високо на тешко или целосно непристапен терен, но очекувам во текот на денот врз него да биде воспоставена целосна контрола.“ Искра од машина за косење трева управувана од 84 годишен маж утрово предизвикала вистинска драма на територијата на ловиштето Јасен - во гаснењето на пожарот бил вклучен и воздухоплов. Една искра е доволна за трагедија алармира Ангелов. Овој пожар е пример како пламените јазици лесно се распламтуваат и брзо се шират. Кога пристигнавме овде, навидум имаше само безопасен чад, за после само пет минути, убедливо да го зафаќа веќе целиот рид. Позади мене, исто така има хеликоптер кој е дојден да го гасне пожарот кој веќе ја зафати и територијата на Косово. Опасноста од пожари на отворен простор е се уште на многу високо ниво, со оглед на високите температури, предупредува Ангелов. Општинските пожарникари, огнените тимови на ДЗС како и екипа на Национални шуми и денеска продолжуваат со борбата против огнот кој ги демне македонските шуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУжас на аеромитинг во Грција: Се урна воен авион, се трага по пилотите (ВИДЕО)Тешка авионска несреќа се случи денеска, за време на воздушен митинг во воздухопловната база Танагра. Ловец Ф-4 Фантом II на грчките воздухопловни сили се урна на локација надвор од аеродромот додека изведуваше маневри за прикажување како дел од популарниот аеромитинг. Во моментов нема официјални информации за состојбата на двајцата пилоти, но е потврдено дека не успеале да го користат системот за автоматско катапултирање и властите се обидуваат да ги пронајдат, објави Та Неа. Пожарникари и амбулантни возила веднаш беа испратени на местото на настанот. #Athens: An F-4 Phantom fighter jet crashes at Tanagra air base in Greece#Crash #Greece pic.twitter.com/EoEG5EmMOF — Asian Strategic Times (@AST_HQ) September 5, 2026 Настанот „Недела на летање во Атина 2026“, најголемиот воздушен митинг во Југоисточна Европа, започна со целосен успех порано во текот на денот, привлекувајќи илјадници гледачи. Учеството на легендарниот авион Фантом Ф-4 на овогодинешниот настан беше од особено значење, бидејќи беше планирано да биде еден од неговите последни јавни настапи пред конечното пензионирање од активната служба.Тагови: авион пилотите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин ненадејно нареди тридневен прекин на нападите кон УкраинаРускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ.Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват и одржат состаноци меѓу украинските претставници и американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во украинската престолнина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Украинските медиуми претходно објавија дека украинските вооружени сили прогласиле прекин на огнот од полноќ на 5 септември до 8 септември. Виткоф и Кушнер денес пристигнаа во Москва и на аеродромот Внуково ги пречека Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, објави ТАСС. Авионот во кој се наоѓаа Виткоф и Кушнер слета во 12:52 часот по московско време. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања од новинарите, рече дека американските претставници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив. Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот, повикувајќи се на извори, дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПротест „Марш за Лика, марш за Хрватска“ во Загреб, за нелегално исфрлени 33.000 тони опасен отпад Голем протест во Загреб , повеќе од 300 јавни личности побараа спас за Лика, и одговорност за загадувањето , а говорницата беше забранета за политичарите.. Илјадници граѓани и познати личности но без присуство на политичари денеска излегоа на улиците во Загреб со ултиматум до Владата за спас од еколошките катастрофи поврзани со илегален и опасен отпад. Граѓаните имаа жестоки критики до надлежните институции за како што посочија нелегално исфрлените десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска, каде биле нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад. -Според службениот план за санација 13 илјади тони отпад чека санација. Сметката изнесува повеќе од 8 милиони евра, но отпадот е се уште тука, што се чека? На крајот на приказната кој ја плаќа најголермата сметка. Ние и нашите деца со своето здравје и милионските суми во евра од нашите џебови додека отпадната мафија на своите сметки акумулира профит од нашата отруена почва и вода., рече Ирена Бурба од здружението „Зелена Истра“. Граѓаните побараа итно и целосно санирање на загадените места, утврдување на одговорноста и јасни рокови за отстранување на отпадот што ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните... -За 35 години колку што постои нашата еко телефонска линија која е бесплатна имаме 36 илјади пријави на граѓани за проблеми со животната средина. Сите ги имаме проследено до надлежните институции. Повеќето од тие пријави се за илегален отпад и за опасен отпад. Во главниот град имаме еколошка бомба а имаме и случај опасен отпад кој што е оставен покрај извор за питка вода. Во случајот со Госпич, власта знаела и дозволила увоз на опасен отпад за кој знаела дека нема како да се складира туку единствено што може илегално да се закопа., рече Дора Сивка од граѓанско здружение „Зелена акција“. Колоната граѓани, предводена од локални еколошки иницијативи и здруженија, маршира низ централното градско подрачје носејќи транспаренти на кои повикуваа да се стави природата пред профитот. Во писмениот документ подготвен за Владата се наведуваат конкретни точки: итен мораториум на проектите што го загрозуваат водниот потенцијал, ревизија на издадените концесии за сеча на дрва и санкции за нелегалните зафати на терен. За секоја од точките е поставен прецизен рок, до 30 дена, во кој надлежните министерства мора официјално да одговорат или да започнат постапки на терен. Извор фото: vijesti.hrt.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter