Швеѓанец престојувал во кинески камп за слабеење, па покажал неверојатна трансформација (ВИДЕО) - Канал 5

Швеѓанец престојувал во кинески камп за слабеење, па покажал неверојатна трансформација (ВИДЕО)

Швеѓанецот Андре Хелгесен го сподели своето искуство од кинески камп за слабеење каде што помина четири недели. 

Швеѓанец престојувал во кинески камп за слабеење, па покажал неверојатна трансформација (ВИДЕО)

Откако даде отказ од работа и започна патување со ранец низ Азија, реши да го избере тој камп како прва станица на своето патување. Целиот процес го документирал на TikTok. Додека пристигнал во Кина, веќе направил голем чекор и самиот изгубил речиси 50 килограми.

Неговата цел била да ослабе уште неколку килограми

Швеѓанецот, кој претходно работел како системски техничар, ја намалил својата тежина од 133 на околу 83 килограми, но сакал да направи уште еден чекор за да ја достигне посакуваната цел.

@imhelgis Dags för lite resultats visning efter 4 veckor på Kinas fatcamp 💪 #viktminskning #fatcamp #träning ♬ To the Infinity Castle - Muzan vs Hashira Theme (from "Demon Slayer") - Cover - Diego Mitre

Затоа поминал четири недели во кампот Џианфеидарен во Шенжен, каде што програмата вклучува дневен тренинг, однапред одредени оброци, медицински прегледи и психолошка поддршка. Редовно ги објавувал своите искуства на TikTok под профилот @imhelgis.

„Ми составија распоред и план за исхрана, но можев да измамам ако сакав. Бев изненаден кога сфатив дека, исто како и дома, сè на крајот зависеше од моја сопствена одговорност“, изјави Андре за „Мирор“.

@imhelgis

Häng med mig och se hur en dag kan se ut på Kinas Fat Camp. Här är en klassisk dag💪

♬ originalljud - André Helgesen | ImHelgis

Тренинг секој ден и строги правила за исхрана

Андре особено ги пофали тренерите кои, како што вели, вежбале заедно со учесниците цело време. Додаде дека персоналот бил многу услужлив и поддржувачки, и покрај тоа што комуницирале со помош на превод поради јазичната бариера.

Секој ден вклучувал три тренинзи, а целта на програмата била да се создаде калориски дефицит од околу 1000 калории. За Андре, ова значело дека консумирал приближно 1.300 калории дневно.

Сепак, најтешкиот дел за него не бил само вежбањето, туку и распоредот за исхрана. Вечерата веќе била послужена во 17 часот, додека појадокот бил дури во 8 часот наутро следниот ден.

„Беше брутално да се помине без храна толку долго. Да бидам искрен, некои денови не можев да издржам, па купував јаболко. Не беше голем прекршок, но значеше дека не го следев нивниот план целосно“, призна тој.

@imhelgis

Sista pushen, så nära slutet nu! 💪

♬ originalljud - André Helgesen | ImHelgis

Промената не беше само физичка

По 28 дена во кампот, Андре изгубил дополнителни три килограми, со што вкупното губење на тежината достигна 51 килограм.

Сепак, тој вели дека бројката на вагата не била најважниот дел од целото искуство. Многу поважна за него била промената во начинот на кој се гледа себеси.

„Не станува збор само за кампот, туку за целиот идентитет на лице со прекумерна тежина. Конечно можам да престанам да се дефинирам како „голем човек“ и само да бидам јас“, рече тој. „Се чувствував одлично, но најмногу од сè почувствував олеснување и мир. Целата неизвесност едноставно исчезна.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер