Без струја утре делови од Сарај, Гази Баба, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Сарај, Гази Баба, Кисела Вода, Студеничани и Сопиште.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија.

Без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Ласкарци во општина Сарај, од 08:30 до 15 часот дел од корисниците на улиците „Антон Попов", „Фрушкогорска" и „Христифор Жефаровиќ" во општината Гази Баба, од 9 до 13 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани, а од 9 до 14 часот дел од ул.23 и дел од ул.„Христо Татарчев" во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град во општината Кисела Вода и Сопиште. /МИА

Видео: Насмеано роботско лице со жива човечка кожа?!

Живата човечка кожа на роботи ветува пореални и комуникативни машини, со потенцијални придобивки за истражување за нега на кожата или тестирање на производи.

Според научниците, човечката кожа за роботи би можела да ја револуционизира роботиката и козметичката индустрија. Новиот развој вклучува живо ткиво, мешавина од клетки од човечка кожа израснати на база на колаген, поставени на 3D печатена подлога од смола.

Оваа иновативна кожа содржи структури слични на лигаментите кои се наоѓаат кај луѓето и животните, обезбедувајќи сила и флексибилност. Создадени со перфорирање на смолната основа на роботот, овие структури овозможуваат ситни шуплини во форма на V да се пополнат со живо ткиво, држејќи ја кожата на роботот на место.

Научниците потоа ја поставија таа кожа на насмеано роботско лице широко неколку сантиметри, кое беше контролирано со прачки прикачени на основата. Друг експеримент вклучуваше 3Д модел на човечка глава со слична големина, иако таа остана неподвижна. Истражувањето поврзано со ова достигнување беше објавено во списанието Cell Reports.

Извор: Б92

Суд во Париз го потврди налогот за апсење на Башар ал Асад

Судот во Париз денеска го потврди налогот за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад за наводното користење на забрането хемиско оружје против цивили во немирите во 2013 година.

Британските медиуми пренесуваат дека потерницата по Асад, што француските судии ја издадоа во ноември минатата година, се однесува на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, по истрагата на француските истражни органи за хемиски напади во градот Дума, на само 10 километри од Дамаск, и блискиот округ Источна Гута, во август 2013 година, во која загинаа повеќе од 1.000 лица.

„Денеска е посебен ден и ова е историска победа, не само за сириските жртви, туку и за жртвите ширум светот, рече Мазен Дарвиш, шеф на Сирискиот центар за медиуми и слобода на печатот.

Владата на Асад негираше дека користела хемиско оружје во граѓанската војна што избувна во 2011 година.

Ретки се налозите за апсење на актуелни претседатели, бидејќи тие генерално уживаат имунитет од кривично гонење. Меѓутоа постојат исклучоци во меѓународното право кога претседателот се обвинува за воени злосторства и злосторства против човештвото или геноцид./МИА

ЦУК: Откачен олук на булевар „АСНОМ“ по невремето во Скопје

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион. 

На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.

- Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК - Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион.

притисни ентер