Белгија, Словачка и Романија се пласираа во осминафиналето на ЕП 2024

Словачка и Романија ремизираа 1:1 во последниот дуел од групата Е на Евро 2024, а со тој резултат и двете репрезентации се квалификуваа во осминафиналето.

Во првото полувреме, двете селекции разменија по еден гол преку Дуда и Марин од белата точка.

По паузата, екипите решија да не си ги комплицираат животите и да го задржат паритетот со кој одат напред.

Куриозитет во овој случај е што сите четири селекции во групата завршија со по 4 бода, но голем губитник на крајот е Украина поради најлошата гол-разлика.

Во другиот натпревар од групата, Белгија и Украина одиграа без голови./МИА

Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за  Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропадн

- Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини, рече таа.

Нурја посочи дека кога била на чело на институцијата што го евидентира населението, пописните податоци изработени во 2011 година биле објавени во рок од пет недели.

- Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците, рече Нурја.

Таа смета дека пописните резултати требало да бидат објавени неколку дена по завршувањето.

- Сега пописот се прави со таблети и резултатите за бројот на населението треба да бидат објавени брзо, како што тоа го направија Косово, Србија и Црна Гора, посочува Нурја.

Официјалните пописни податоци објавени вчера покажаа дека населението во Албанија се намалило на нешто над 2,4 милиони жители, додека просечната возраст на населението се зголемила на 42 години.

За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат. /МИА

СДСМ утре избира нов лидер на партијата

 СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира меѓу еден од четворицата кандидати за претседател на партијата. Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади членови на партијата.

Во трката за нов лидер на СДСМ се поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски. Четворицата кандидати ветуваат реформи во партијата, како и обединување на членството.

Петровска вчера ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Во изјава за медиумите таа посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Сепак, Петровска рече дека ќе се најде на избирачкото ливче в недела, бидејќи избирачките материјали се веќе отпечатени, но нагласи дека таа лично нема да излезе да гласа.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи. Во врска со забелешките на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право.

Избирачкиот список којшто ќе се најде на 77 избирачки места ширум земјава ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Гласањето ќе започне во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.

Приведени две лица во Скопје барани со потерница за издржување затворска казна

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл. 247 ст. 2 од КЗ.

Во вториот случај, полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница исто така по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл.235 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежна казнено поправна установа, наведуваат од МВР.

притисни ентер