Лула да Силва бара аргентинскиот претседател Милај да им се извини нему и на Бразилците

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека неговиот аргентински колега Хавиер Милај им должи извинување нему и на Бразилците затоа што искажа „многу глупости“ за Бразил.

Британските медиуми јавуваат дека бразилскиот левичарски лидер во интервју за порталот UOL изјави дека се уште не се сретнал со аргентинскиот претседател со десничарска политичка ориентација бидејќи најпрво сака извинување од него.

Милај, од позиција на сојузник на поранешниот екстремно десничарски бразилски претседател, Жаир Болсонаро, го нападна Лула неколку пати за време на неговата минатогодишна успешна претседателска кампања, нарекувајќи го „бесен комунист“ и „корумпиран човек“.

-Сакам само да се извини. Аргентина е земја која многу ја сакам. Таа е многу важна за Бразил, исто како што Бразил е многу важен за Аргентина, рече Лула да Силва.

Бразил во текот на овој месец побара од Аргентина информации за десетици приврзаници на Болсонаро кои побараа азил во соседната земја за да ги избегнат правните последици за минатогодишните упади во владините згради во главниот град Бразилија, како дел од наводниот обид за државен удар./МИА

Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! 

Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ. Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен. Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.

Ве покануваме сите на голема роденденска журка!

Муцунски за „Канал 5“: Хасани објасни дека станува збор за техничка грешка

Националноста Македонци стои во графата за националност во пописот во Албанија. 

Албанската агенција за статистика по еден ден од објавата на резултатите изврши корекција и наместо Северномакедонци сега стои Македонци. Промената доаѓа по реакција на МНР и средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега на форумот во Дубровник.

Прелиминарни податоци од пописот во Албанија за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, соопштија од Министерството за надворешни работи, откако и македонски друштва во Албанија реагираа за, како што велат, направен груб пописен фалсификат по објавената бројка од пописот за над 7. 000 Бугари во Албанија.

За натамошните чекори, МНР ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје..

Најстарото здружение на Македонците во Албанија, „Друштво Преспа“, резултатите ги смета за груб пописен фалсификат и бараат од Европската Унија да преземе мерки против Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа под услов да потпишат писмена изјава дека се ‘Бугари по потекло‘. За ова уште вчера за Канал 5 сведочеше Васил Стеријовски, претседатот на Mакедонска алијанса за европска интеграција..

Ова е првпат на попис во Албанија да се попишат лица од буграска националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин, реагираа македонските здруженија и партии во албанија. Албанија во октомври 2017 година официјално призна постоење бугарско национално малцинство во земјата, по заканите од Софија за вето на во ЕУ.

Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), верско име Салахудин, преобратеник од Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград.

-Утврдено е дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име Салахудин, преобратеник од Младеновац, кој се преселил да живее во Нови Пазар. Во продолжение на акцијата полицијата ќе изврши претреси на повеќе локации. Сите наши сили се на највисоко ниво на подготвеност, рече министерот Дачиќ, соопштенија од МВР.

Официјални лица и дипломати на Амбасадата на Израел не биле во зградата во моментот на инцидентот кога бил нападнат жандармот, кој во самоодбрана го уби напаѓачот.

-Полицијата го истражува случајот. Немаме повеќе детали. Во моментот на настанот, Амбасадата беше затворена, а нејзините службеници и дипломати не беа во зградата. На ранетиот припадник на Жандармеријата му посакуваме брзо закрепнување, изјавија од израелската амбасада во Белград.

-Нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја обезбедуваше амбасадата на државата Израел во Белград, истовремено е и напад на дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, но и напад на Србија, соопштија од српското МНР.

-Србија ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид на екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии, согласно член 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија во оваа прилика е во комуникација со Министерството за надворешни работи на Израел и дипломатите на таа земја во Белград, на кои ќе им ја пружат сета потребна помош и поддршка. /МИА

притисни ентер