ЦУК: Откачен олук на булевар „АСНОМ“ по невремето во Скопје

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион. 

На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.

- Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК - Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.

Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион.

Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! 

Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ. Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен. Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.

Ве покануваме сите на голема роденденска журка!

Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), верско име Салахудин, преобратеник од Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград.

-Утврдено е дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име Салахудин, преобратеник од Младеновац, кој се преселил да живее во Нови Пазар. Во продолжение на акцијата полицијата ќе изврши претреси на повеќе локации. Сите наши сили се на највисоко ниво на подготвеност, рече министерот Дачиќ, соопштенија од МВР.

Официјални лица и дипломати на Амбасадата на Израел не биле во зградата во моментот на инцидентот кога бил нападнат жандармот, кој во самоодбрана го уби напаѓачот.

-Полицијата го истражува случајот. Немаме повеќе детали. Во моментот на настанот, Амбасадата беше затворена, а нејзините службеници и дипломати не беа во зградата. На ранетиот припадник на Жандармеријата му посакуваме брзо закрепнување, изјавија од израелската амбасада во Белград.

-Нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја обезбедуваше амбасадата на државата Израел во Белград, истовремено е и напад на дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, но и напад на Србија, соопштија од српското МНР.

-Србија ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид на екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии, согласно член 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија во оваа прилика е во комуникација со Министерството за надворешни работи на Израел и дипломатите на таа земја во Белград, на кои ќе им ја пружат сета потребна помош и поддршка. /МИА

Голем шумски пожар на планина во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватрахојанис попладнево информираше дека од воздух во справувањето со огнените јазици интервенираат четири авиони и осум хеликоптери.

Кусо пред 15 часот избувна голем шумски пожар на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватрахојанис попладнево информираше дека од воздух во справувањето со огнените јазици интервенираат четири авиони и осум хеликоптери, а над 100 пожарникари и 30 возила од областите Тесалија, Епир и северниот дел на Грција се упатуваат кон планината за да помогнат.

- Во областа на пожарот брзината на ветерот достигнува до 50 километри, а јачината надминува 100 километри на час. Овие услови, но и фактот што во областа има столбови со висок напон го отежнуваат работењето на воздушните средства. Поради оваа причина главно интервенираат хеликоптерите, рече Ватрахојанис.

Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската.

Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година. /МИА

притисни ентер