Суд во Париз го потврди налогот за апсење на Башар ал Асад

Судот во Париз денеска го потврди налогот за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад за наводното користење на забрането хемиско оружје против цивили во немирите во 2013 година.

Британските медиуми пренесуваат дека потерницата по Асад, што француските судии ја издадоа во ноември минатата година, се однесува на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, по истрагата на француските истражни органи за хемиски напади во градот Дума, на само 10 километри од Дамаск, и блискиот округ Источна Гута, во август 2013 година, во која загинаа повеќе од 1.000 лица.

„Денеска е посебен ден и ова е историска победа, не само за сириските жртви, туку и за жртвите ширум светот, рече Мазен Дарвиш, шеф на Сирискиот центар за медиуми и слобода на печатот.

Владата на Асад негираше дека користела хемиско оружје во граѓанската војна што избувна во 2011 година.

Ретки се налозите за апсење на актуелни претседатели, бидејќи тие генерално уживаат имунитет од кривично гонење. Меѓутоа постојат исклучоци во меѓународното право кога претседателот се обвинува за воени злосторства и злосторства против човештвото или геноцид./МИА

Хенри: Командите на здружените сили на НАТО се отворени и за помалите земји членки

На прашање од МИА дали во командата свое учество може да земат, ако тоа затреба, и помалите НАТО членки како Македонија или Албанија, тој одговори дека тоа е можно.

Командата на здружените сили на НАТО (ЈФЦ) во Норфолк работи на спојување на активностите на НАТО меѓу Северна Америка и Европа и на одбрана и одвраќање, и во неа има место и за помалите земји, изјави синоќа на брифинг за новинарите контрадмиралот Тим Хенри, заменик-началник на командата.

На прашање од МИА дали во командата свое учество може да земат, ако тоа затреба, и помалите НАТО членки како Македонија или Албанија, тој одговори дека тоа е можно.

-Ние би сакале да имаме претставници и од помалите земји, и ако тие дојдат тоа ќе биде со одредена цел. За секој член на алијансата има возможност да учествува во одбраната на целиот евроатлантски регион, изјави Хенри.

Тој појасни дека активностита на ЈФЦ во Норфолк не се само поврзани со Атлантикот и Арктикот.

-Ние работиме на спојување на Северна Америка и Европа. И она што се случува овде денеска ќе биде испорачано во Европа утре или задутре. Главните задачи на командата се заштита на подводниот оптички кабел шти ги спојува Северна Америка и Европа, како и заштита на десетте трилиони долари вредната трговија што дневно циркулира меѓу меѓу двата континета, изјави контраадмиралот.

ЈФЦ во Норфолк е оформена во 2019 година и е најмладата од трите команди на здружените слили на НАТО. Останатите две се лоцирани во Брунсум, Холандија и Неапол, Италија, кои се во служба од 2004 година.

Командите на НАТО подготвуваат стратегии за „колективна команда под формулата за одвраќање“ на противниците на ЕУ и на западните партнери.

-Принципот за одбрана и одвраќање е да не се гледа во еден правец но да се заземе стратешки курс, и да се испорача до трите останати команди на НАТО, изјави Хенри.

ЈФЦ Норфолк е една од двете команди на НАТО во Северна Америка. Втората која е лоцирана исто така овде е Командата за сојузничка трансформација (АКТ).

Едната работи на реализација на тековните процеси за одбрана и одвраќање а другата на подготовка и трансформација на НАТО за предизвиците во иднината. /МИА

Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! 

Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ. Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите. “Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен. Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.

Ве покануваме сите на голема роденденска журка!

Муцунски за „Канал 5“: Хасани објасни дека станува збор за техничка грешка

Националноста Македонци стои во графата за националност во пописот во Албанија. 

Албанската агенција за статистика по еден ден од објавата на резултатите изврши корекција и наместо Северномакедонци сега стои Македонци. Промената доаѓа по реакција на МНР и средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега на форумот во Дубровник.

Прелиминарни податоци од пописот во Албанија за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, соопштија од Министерството за надворешни работи, откако и македонски друштва во Албанија реагираа за, како што велат, направен груб пописен фалсификат по објавената бројка од пописот за над 7. 000 Бугари во Албанија.

За натамошните чекори, МНР ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје..

Најстарото здружение на Македонците во Албанија, „Друштво Преспа“, резултатите ги смета за груб пописен фалсификат и бараат од Европската Унија да преземе мерки против Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа под услов да потпишат писмена изјава дека се ‘Бугари по потекло‘. За ова уште вчера за Канал 5 сведочеше Васил Стеријовски, претседатот на Mакедонска алијанса за европска интеграција..

Ова е првпат на попис во Албанија да се попишат лица од буграска националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин, реагираа македонските здруженија и партии во албанија. Албанија во октомври 2017 година официјално призна постоење бугарско национално малцинство во земјата, по заканите од Софија за вето на во ЕУ.

притисни ентер