Баерн бара 40 милиони евра за Кимих

Баерн Минхен очекува 40 милиони евра за да се раздели со интернационалецот Џошуа Кимих на лето, тврди германскиот весник „Билд“. 

Договорот на Кимих со Баерн истекува за една година и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч.

Развој на ситуацијата околу Кимих не се очекува пред крајот на Европското фудбалско првенство кое моментално се одржува во Германија, но интересот за него го задржуваат пет солидни европски селекции. На листата се англиски Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, како и шпанските Барселона и Реал Мадрид.

Преговорите меѓу раководството на Баерн Минхен и Џошуа Кимих за можно продолжување на договорот исто така се одложени за по Евро 2024. Шефовите на клубот мора да донесат конечна одлука дали ќе се залагаат за продолжување на договорот или ќе го продадат играчот во тековниот преоден рок. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Организацискиот директор на Нефрологија до последен момент реализира тендери или по

Организацискиот директор на Нефрологија до последен момент реализира тендери или полни џебови

На Клиниката за нефрологија раководството се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување на ѕидовио.

Со оглед дека на Клиника за нефрологија денес, сабота, се молерисуваат ѕидовите кои веќе се молерисани пред извесен период прашуваме: За која фирма станува збор, за каква набавка, што се опфаќа набавката и за која сума, дали се безбедни пациентите?

Дали се постапува по процедурите предвидени со Закон и дали се испочитувани насоките на Инпекторатот во вакви случаи?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тропската бура Берил се формира во Атлантскиот Океан

Тропската бура Берил денеска се формира во Атлантскиот океан и би можела да стане првиот ураган во годината пред да стигне до Карипското Море на почетокот на следната недела.

Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата.

Берил е втората именувана бура во Атлантскиот Океан оваа сезона на урагани, која обично трае од 1 јуни до 30 ноември. На почетокот на месецов тропската бура Алберто го погоди брегот на североисточно Мексико со поројни дождови во кои загинаа четири лица.

Според Националниот центар за урагани во Мајами, Берил се движи кон запад. Максималната брзина на ветерот е 64 километри на час.

Тропската бура се карактеризира со постојани ветрови меѓу 62 и 117 километри на час. Ветровите над оваа вредност ја претвараат во ураган. /МИА

Киев: Десетмина цивили ослободени од руски затвор како дел од 53-та размена на затвореници

Во рамки на 53-та размена на заробеници од руско заробеништво во четвртокот, ослободени се десет политички затвореници од Кремљ и незаконски осудени Украинци, соопшти денеска Координативниот штаб за третман на воени заробеници.

„Во Украина се вратени уште 10 цивили кои беа незаконски затворени на окупираните територии, особено на Крим, како и во Белорусија“, се наведува во соопштението за медиумите објавено на Фејсбук.

Меѓу ослободените се двајца свештеници на Украинската грчкокатоличка црква, Иван Левицки и Богдан Гелета, кои беа приведени од руските власти во Бердјанск во ноември 2022 година.

Украина успеа да го врати и заменик-претседателот на Меџлисот на кримските Татари, активистот и новинар Нариман Џелал. Руските безбедносни сили го уапсија на Крим во септември 2021 година и беше осуден на 17 години затвор.

„Олена Пјех, уметнички критичар и научен соработник во Музејот на уметност во Горловск, која окупаторите ја држат во затвор од 2018 година, се враќа дома. Друг политички затвореник, Валери Матјушенко, беше затворен од окупаторските сили во регионот на Доњецк во јули 2017 година, а подоцна беше незаконски затворен 10 години“, соопшти Координативниот штаб.

Украина успеа да врати и неколку цивили осудени во Белорусија.

Меѓу ослободените е и Никола Швец, кого белоруските власти го обвинуваат дека летал со руски воен авион А-50 за да открие радари со долг дострел на аеродромот во Мачулишчи.

Во соопштението за медиумите се вели дека ослободувањето на украинските цивили се случило со посредство на Ватикан.

„Вкупно 100 граѓани на Украина беа вратени дома во рамките на 53-та размена. Вкупно, 3.310 Украинци се веќе ослободени од руско заробеништво“, додаде Координативниот штаб. /МИА

притисни ентер