Во САД намалена продажбата на нови домови

Продажбата на нови домови во САД во мај се намалила за 11,3 отсто на месечно ниво, на 619.000 домови пресметано годишно.

Во претходниот месец, продажбата на нови домови наменети за едно семејство се зголемила за два отсто на 698.000 на годишно ниво.

Аналитичарите предвидуваа стапките на продажба на нови домови во мај да биде на ниво од 640.000 годишно.

Во меѓувреме, главните берзански индекси на Волстрит денешната сесија ја започнаа со намалување - секторот на микрочипови и акциите на гигантите се со намален раст. Инвеститорите очекуваат објава на клучната инфлациска статистика што се очекува најдоцна утре. /МИА

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга

 На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта, на која потоа и се констатирани тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, со возилото управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани.

-Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи, се наведува во соопштението на МВР.

Откажан настапот на француската трупа „Кидам“

Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови.

Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето со жалење и со големо разочарување ве известуваат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани.

Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа.

Сепак, се работи само за одложување!

Францускиот институт во Скопје ќе го одржи своето ветување и ќе донесе голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење.

Францускиот институт во Скопје ви се заблагодарува на разбирањето и уште отсега ви го најавува настанот којшто, штом се создадат услови, ќе се одржи оваа есен.

Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека кај неговиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден, годините не се проблемот „туку неговата способност“.

„Дали некој гледаше нешто што се нарекува дебата? Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во Вирџинија за Бајден, нарекувајќи го „корумпиран и неспособен“, пренесува Си-Би-Ес.

Како што наведуваат странските агенции, настапот на претседателот Бајден во дебатата вознемири многу демократи, а дебатата дојде во време кога многу Американци веруваат дека Бајден, кој сега има 81 година, можеби е премногу стар за да ја води земјата уште четири години. /МИА

притисни ентер