Град Скопје нема добиено барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињата - Канал 5

Град Скопје нема добиено барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињата

Град Скопје ги демантира наводите на жителите од Чаир , од каде за Канал 5 изјавија дека на местото каде што беа повредени девојчињата барале од градоначалникот да постави семафори.

Град Скопје нема добиено барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињата

,,Град Скопје нема добиено никакво барање за поставување на семафори или зголемена безбедност на локацијата во Чаир каде денеска се случи сообраќајната несреќа во која беа повредени три девојчиња. Градот редовно излегува во пресрет на сите барања на граѓаните за зголемени мерки на безбедност на улиците и булеварите во Скопје и во конкретниот случај не постои никакво претходно барање за оваа конкретна локација.” , се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Стан од 50 метри квадратни во скопски центар продаден за 168.000 евра, додека куќа од 575 квадратни метри во Карпош е купена за 1,5 милион евра, покажуваат податоците на Катастар за најскапо продадени недвижности во првата половина од 2026 година.&n

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Експерти од градежниот сектор признаваат дека трендот на пораст на цените на становите и куќите продолжува и годинава - Образложуваат дека таков е примерот и со земјите во регионот, иако признаваат и оти е факт дека куповната моќ на граѓаните дома сепак е намалена.

– Секоја цена која пазарот ја плаќа или населението ја плаќа за одреден деловен или станбен простор е цена која е реална и е пазарна. Мене ми е жал што стандардот не ја следи инфлацијата со која се подигаат цените на становите, но верувајте дека тоа не е само случај кај нас. Ако видите и во околината, а и пошироко ќе сфатите дека, еве во Белрад на пример цените за недвижнини се исто во атрактивни централни градски подрачја и до 5.000 евра, во Софија исто, во Ниш имаме во централното градско подрачје, во град што не е главен град на наша соседна држава, се нудат станови по 2.500 евра. изјави Андреа Серафимовски , претседател на здружението на градежната индустрија, градежните материјали и неметали при Стопанската комора.

Иако во првата половина од 2026-та година пазарот за недвижности бележи пораст од над 21 процент во однос на лани, агенциите кои ги контактиравме, велат дека во моментот понудата е поголема од побарувачката, иако потенцираат и дека тоа може бргу да се промени во пракса.

- Во овие попатрактивни локации кои се за купување, факт е дека има хиперпродукција на станбени единици и едноставно во моментот реално самиот град не може толку да продаде, затоа што заинтересираноста кај самите клиенти во моментот не е толкава. Да речеме ако имаме 1.000 станови, немаме и 1.000 купци, туку едноставно имаме 1.000 станови, а имаме 100 до 200 купци во моментот коишто се актуелни. Да се гради, но можеби ќе се смени ситуацијата. Еве сега ова го збориме, но за неколку месеци можеби ќе има и дефицит на станбени единици на пазарот, затоа што сме го виделе тоа во минатото. - изјави Александар Гиноски, сопственик на Агенција за недвижности.

Покрај во Скопје, каде просечната цена на новите станови достигнува и до над 1.700 евра за метар квадратен, скапо е и во Охрид, каде стари станови се продаваат за сума од 1.299 евра за метар квадратен. Најниски просечни цени се евидентирани во Струмица и тоа 719 евра за квадратен метар кај старата градба и 689 евра кај становите од инвеститори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните активности со кои започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Со реконструкцијата, постојниот фудбалски терен на површина од 4.000 квадратни метри ќе биде целосно обновен и уреден, со што фудбалерите ќе добијат значително подобри услови за тренинг, а клубот современа спортска инфраструктура за секојдневна работа и развој на младите категории.

Проектот предвидува целосно нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови. По целата должина на теренот ќе биде изградена и трибина.

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

„Повеќе од десетина години на овие луѓе им е ветувано дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира, но досега тоа не било реализирано. Ние стоиме на зборот што го дадовме пред неколку месеци и еве сега го исполнуваме. Со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт и Владата генерало, секогаш стојат на своите ветувања. Ова е едно од тие ветувања и не застануваме тука. Фудбалскиот стадион што го користи ФК Башкими за брзо време ќе добие нов изглед. Со целосната реконструкција на овој терен, ФК Башкими ќе добие современ простор за тренинг и развој на своите фудбалери“ - рече Ристовски.

Министерот за спорт упати порака да се чуваат и одговорно да се користат овие терени и сите спортски објекти што ги прави државата за тие да останат што подолго во функција.

„Ова е подобрување не само на спортскиот дел, туку има и социјален момент бидејќи овде тренираат и деца и низ спортот се создаваат вредности коишто ги градат како личности. Како Министерство за спорт и Влада вложуваме многу средства во капитални инвестиции затоа што сметаме дека создавањето услови е најважното нешто што може да го дадете на својот народ и на сите оние што се занимаваат со спорт“ - истакна Ристовски.

Со реализацијата на овој проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, уште еден постоечки спортски капацитет ќе биде целосно обновен и ставен во функција на клубот, фудбалерите и развојот на фудбалот.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“.

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Задар, Република Хрватска.

На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“.

Генералот Лафчиски, во своето обраќање на работните тематски сесии на конференцијата, го истакна значењето на хуманитарната помош и помошта при катастрофи и подобрување на соработката, која се развива во рамките на А-5 иницијативата, борбата против транснационалниот организиран криминал и градење заеднички регионален одговор, како и важноста на воената мобилност и инвестиции во инфраструктура со двојна намена.

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на одбранбените способности, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

Во рамките на програмата, генералот Лафчиски оствари средба со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) воедно и командант на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексус Гринкевич и со заменик-командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер Скот. Дополнително, генералот Лафчиски оствари и билатерални средби со дел од началниците на Генералштабовите од земјите членки на А-5 и со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Хенри Хардер.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа воени претставници од Генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5.

Во изминатите години, А-5 се афирмираше како значајна регионална рамка за продлабочување на одбранбената соработка, зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на заедничките безбедносни интереси.

Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на Армијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер