Обвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независноста - Канал 5

Обвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независноста

Јавното обвинителство го анализира случајот со финансирањето и организацијата на прославата за 35 години независност. 

Обвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независноста

Државниот обвинител Ненад Савески, вели дека независно од тоа што и антикорупционерите разгледуваат евентуален судир на интереси во дел од организацијата, доколку се утврдат основи за кривично-правно постапување, обвинителството ќе реагира.

-Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и ја цени од кривично правен аспект. Доколку најде основи, ќе постапи,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Предметот во Антикорупциска според информациите се однесува на Николче Мицевски, кој бил дел од комисијата што ја оценувала понудата за програмата, а потоа учествувал и во самата програма како изведувач. Оттаму појаснуваат дека предмет за трошењето на финансискте средства немаат, но велат дека ги следат реакции во јавност околу трошењето на народните пари.

-Предмет за анализа на трошењето на финансиските средства на конкретната прослава немаме отворено. Туку имаме отворено предмет за испитување на судир на интереси за наводите дека едно лице што се спомнуваше дека бил член на Комисијата и истовремено учествувал како изведувач во рамките на прославата. ДКСК ги следи реакциите на јавноста и барањето за транспарентност на народните пари,- изјава - Бесник Џемаиљи – Заменик претседател на ДКС.

Од опозициската СДСМ и денеска побараа Јавното обвинителство да отвори предмет и да го испита трошењето на 5,5 милиони евра за прославата. Партијата бара обвинителството да го следи текот на парите и да ги обезбеди договорите, анексите, фактурите и податоците за исплатите, но и да утврди кој ги носел одлуките и кој имал корист од нив.

-Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет. Мора да го следи текот на парите, да ги обезбеди сите документи, фактури, договори, исплати. Мора да утврди како биле носени одлуките, кој ги носел и кој имал корист од нив. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Државна лотарија, која согласно законот мора да постои? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? Кој гласал за неа и врз основа на кој закон?- изјави – Маја Серафимовска – Борозан – СДСМ.

Прославата за 35 години независност, според податоците што ги соопшти Владата, чинела околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра. Премиерот Мицкоски претходно тврдеше дека за прославата и настапот на Дејвид Гета граѓаните и буџетот не потрошиле ниту еден денар. Од Владата потоа појаснија дека 300 милиони денари биле обезбедени од нераспределената добивка на Државна лотарија за 2024 година, а околу 40 милиони денари од донации на компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.

Скандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакција

Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом.

Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“.

Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк.

Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост.

Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп.

Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И

сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп.

Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер