Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово - Канал 5

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните активности со кои започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Со реконструкцијата, постојниот фудбалски терен на површина од 4.000 квадратни метри ќе биде целосно обновен и уреден, со што фудбалерите ќе добијат значително подобри услови за тренинг, а клубот современа спортска инфраструктура за секојдневна работа и развој на младите категории.

Проектот предвидува целосно нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови. По целата должина на теренот ќе биде изградена и трибина.

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

„Повеќе од десетина години на овие луѓе им е ветувано дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира, но досега тоа не било реализирано. Ние стоиме на зборот што го дадовме пред неколку месеци и еве сега го исполнуваме. Со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт и Владата генерало, секогаш стојат на своите ветувања. Ова е едно од тие ветувања и не застануваме тука. Фудбалскиот стадион што го користи ФК Башкими за брзо време ќе добие нов изглед. Со целосната реконструкција на овој терен, ФК Башкими ќе добие современ простор за тренинг и развој на своите фудбалери“ - рече Ристовски.

Министерот за спорт упати порака да се чуваат и одговорно да се користат овие терени и сите спортски објекти што ги прави државата за тие да останат што подолго во функција.

„Ова е подобрување не само на спортскиот дел, туку има и социјален момент бидејќи овде тренираат и деца и низ спортот се создаваат вредности коишто ги градат како личности. Како Министерство за спорт и Влада вложуваме многу средства во капитални инвестиции затоа што сметаме дека создавањето услови е најважното нешто што може да го дадете на својот народ и на сите оние што се занимаваат со спорт“ - истакна Ристовски.

Со реализацијата на овој проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, уште еден постоечки спортски капацитет ќе биде целосно обновен и ставен во функција на клубот, фудбалерите и развојот на фудбалот.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Десетици Албанци се собраа денеска на улиците на Приштина за да го изразат своето незадоволство и револт по најновите случувања и пресудата на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) пред Специјалниот суд во Хаг.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Како што може да се види на улиците, голема толпа луѓе се движи кон централниот градски плоштад, кој е планиран како главна точка и епицентар на денешниот собир, објави Индексолајн.

Се очекува бројот на демонстранти да се зголемува како што одминува денот, а протестот е директна реакција на денешната одлука на судот во Хаг, која предизвика бурни реакции кај тамошната јавност.

Да потсетиме дека денеска, пред специјализираните комори во Хаг беше изречена првостепената пресуда против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весељи.

Тачи и Красниќи беа осудени на 25 години затвор, Весељи на 18, а Селими на 13 години затвор.

Хашкиот судски совет утврди дека одговорноста на обвинетите е индивидуална и лична, но дека ниту еден од нив не можел сам да ја постигне заедничката криминална цел.

Хашим Тачи денеска беше осуден во Хаг од страна на Специјализираните совети на Косово на 25 години затвор. Тој беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, тортура и незаконско затворање, извршени додека бил врховен командант на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за време на насилното одвојување на таа територија од Србија во 1990-тите.

Судот денес објави дека Тачи е виновен за убиствата на 96 политички противници и лица за кои се верува дека соработувале со српските безбедносни сили, извршени од силите на Ослободителната војска на Косово за време на конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа.

Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен.

Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.

Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот.

Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

Соединетите Американски Држави изјавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.

Стејт департментот изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја повтори својата поддршка за одговорност, правично судење и владеење на правото.

Вашингтон, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по пресудата.

„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер