Бура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети - Канал 5

Бура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети

Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството 

Бура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети

Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор.

„Срби, Срби – да ви го е.. племето.“

Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово - ЕУЛЕКС, кои се под силно полициско обезбедување.

Набргу по пресудата се огласија и косовските власти. Министерот за надворешни работи на Косово – Коњуфца од Хаг порача дека епилогот е ужасен за државата и нејзиниот народ. Казните ги оцени како драконски, велејќи дека и Србија во отсуство им пресудила помалку на четворицата. Екс – в.д. премиерот пак Хоцај смета дека е најцрн ден за Косово од, како што вели, ослободувањето.

-Ужасна пресуда, за Косово, за нашиот народ, за нашата ослободителни војна. Луѓето на Косово тоа го искусија самите. Знаете каква беше војната на ОВК, и ние знаеме дека тука немаше никаков криминален механизам со кој се наштети на населението. Не може да се пронајде ниту еден програм, не може да се пронајде ниту намера кај ОВК која судот ја тврди. -- Гљаук Коњуфца – Министер за надворешни на Косово.

-Денов ќе остане секогаш запаметен во историјата на албанците, во срцата на граѓаните на Косово, и тоа што се случи денеска е најцрниот ден кој го имале албанските граѓани од ослободувањето,- -Енвер Хоџај – потпреседател на косовскиот парламент.

Пораки за поддршка и осуда на пресудата пристигна и од албанскиот премиер Еди Рама, кој со една фотографија на социјалните мрежи ја нарече срамна. Реагираше и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, исходот го нарече разочарувачки и најави борба во понатамошната судска постапка.

-Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово,- Али Ахмети – ДУИ.

Косовската полиција вели дека била максимално подготвена, без разлика дали исходот ќе доведел до славје или револт. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на територијата на целата држава, а не само во Приштина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа.

Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен.

Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.

Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот.

Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

Соединетите Американски Држави изјавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.

Стејт департментот изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја повтори својата поддршка за одговорност, правично судење и владеење на правото.

Вашингтон, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по пресудата.

„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“,

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Денеска (16.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, на возачите во Тетово, Велес, Кавадарци и Неготино им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин. Полициски службеници од СВР Битола пак, во основното училиште „Даме Груев" во Битола, одржаа едукативно предавање „Да ги заштитиме децата во сообраќајот".

Во Штип, Кочани и Делчево, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со технички исправно возило“, а ги информирааа граѓаните и за последиците што може да настанат доколку возат под дејство на алкохол.

Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Куманово спроведе превентивна активност за безбеден јавен превоз на патници и ученици, насочена кон правните лица кои вршат автобуски јавен превоз на патници односно неопходноста превозт да се врши со технички исправни возила.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Неготино, ПС Пробиштип и ПО Чашка денеска реализираа и превентивни активности за заштита од измами и различни форми на кражби, укажувајќи им на граѓаните да бидат внимателни во комуникација со непознати лица, да не ги споделуваат своите лични податоци и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Oд страна на полициски службеници од ПС ГН Попова Шапка во с. Вешала и с. Шипковица беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од ПС Берово пак во соработка со родителите на малолетни лица, во Берово спроведоа превентивна активност насочена кон малолетниците, односно за спречување на појавите на малолетничка деликвенција, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции и нарушување на јавниот ред и мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер