Проштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на Казахстан - Канал 5

Проштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на Казахстан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Македонија, Н.Е. г. Садбалди Буршаков.

Проштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на Казахстан

На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за ангажманот на амбасадорот Буршаков во унапредувањето на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше истакнат напредокот постигнат во билатералната, економската и парламентарната соработка.

Беше поздравено успешното заокружување на преговорите за трите значајни договори од правната сфера – за заемна правна помош во кривични предмети, трансфер на осудени лица и екстрадиција. Како значаен чекор во продлабочувањето на економската соработка беше издвоено и потпишувањето на Протоколот за првата сесија на Заедничката комисија за трговија и економска соработка, како и Меморандумот за разбирање за економска соработка.

Претседателот Гаши посочи дека постои простор за натамошно јакнење на парламентарните односи, особено преку Пратеничката група за соработка со Казахстан и редовниот контакт меѓу двата парламента. Тој го поздрави и отворањето на резидентната Амбасада на Казахстан во Скопје, оценувајќи го како важен исчекор во односите меѓу двете земји.

Амбасадорот Буршаков се заблагодари за досегашната соработка и поддршката во текот на неговиот мандат во Македонија. Тој сподели позитивни впечатоци од своето дипломатско искуство во земјата и истакна дека со задоволство ќе ги памети контактите и пријателските односи воспоставени во текот на неговиот мандат. Воедно, изрази уверување дека соработката и пријателските односи меѓу Казахстан и Македонија ќе продолжат да се продлабочуваат.

На крајот, претседателот Гаши му упати најдобри желби на амбасадорот Буршаков за успех во идните професионални ангажмани, со уверување дека досегашната добра соработка ќе продолжи и во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Десетици Албанци се собраа денеска на улиците на Приштина за да го изразат своето незадоволство и револт по најновите случувања и пресудата на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) пред Специјалниот суд во Хаг.

Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)

Како што може да се види на улиците, голема толпа луѓе се движи кон централниот градски плоштад, кој е планиран како главна точка и епицентар на денешниот собир, објави Индексолајн.

Се очекува бројот на демонстранти да се зголемува како што одминува денот, а протестот е директна реакција на денешната одлука на судот во Хаг, која предизвика бурни реакции кај тамошната јавност.

Да потсетиме дека денеска, пред специјализираните комори во Хаг беше изречена првостепената пресуда против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весељи.

Тачи и Красниќи беа осудени на 25 години затвор, Весељи на 18, а Селими на 13 години затвор.

Хашкиот судски совет утврди дека одговорноста на обвинетите е индивидуална и лична, но дека ниту еден од нив не можел сам да ја постигне заедничката криминална цел.

Хашим Тачи денеска беше осуден во Хаг од страна на Специјализираните совети на Косово на 25 години затвор. Тој беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, тортура и незаконско затворање, извршени додека бил врховен командант на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за време на насилното одвојување на таа територија од Србија во 1990-тите.

Судот денес објави дека Тачи е виновен за убиствата на 96 политички противници и лица за кои се верува дека соработувале со српските безбедносни сили, извршени од силите на Ослободителната војска на Косово за време на конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа.

Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен.

Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.

Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот.

Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

Соединетите Американски Држави изјавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.

Стејт департментот изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја повтори својата поддршка за одговорност, правично судење и владеење на правото.

Вашингтон, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по пресудата.

„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер