3Голем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)
МакедонијаГрад Скопје нема добиено барање за поставување семафори во Чаир, каде што беа прегазени девојчињатаГрад Скопје ги демантира наводите на жителите од Чаир , од каде за Канал 5 изјавија дека на местото каде што беа повредени девојчињата барале од градоначалникот да постави семафори.,,Град Скопје нема добиено никакво барање за поставување на семафори или зголемена безбедност на локацијата во Чаир каде денеска се случи сообраќајната несреќа во која беа повредени три девојчиња. Градот редовно излегува во пресрет на сите барања на граѓаните за зголемени мерки на безбедност на улиците и булеварите во Скопје и во конкретниот случај не постои никакво претходно барање за оваа конкретна локација.” , се наведува во реакцијата на Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСредба Шасивари-БочекШасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек.Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“. Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди. Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек. Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
БалканГолем протест во Приштина- толпа граѓани се движи кон плоштадот, се очекуваат насилни протести (ВИДЕО)Десетици Албанци се собраа денеска на улиците на Приштина за да го изразат своето незадоволство и револт по најновите случувања и пресудата на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) пред Специјалниот суд во Хаг.Како што може да се види на улиците, голема толпа луѓе се движи кон централниот градски плоштад, кој е планиран како главна точка и епицентар на денешниот собир, објави Индексолајн. Се очекува бројот на демонстранти да се зголемува како што одминува денот, а протестот е директна реакција на денешната одлука на судот во Хаг, која предизвика бурни реакции кај тамошната јавност. Да потсетиме дека денеска, пред специјализираните комори во Хаг беше изречена првостепената пресуда против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весељи. Тачи и Красниќи беа осудени на 25 години затвор, Весељи на 18, а Селими на 13 години затвор. Хашкиот судски совет утврди дека одговорноста на обвинетите е индивидуална и лична, но дека ниту еден од нив не можел сам да ја постигне заедничката криминална цел. Хашим Тачи денеска беше осуден во Хаг од страна на Специјализираните совети на Косово на 25 години затвор. Тој беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, тортура и незаконско затворање, извршени додека бил врховен командант на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК) за време на насилното одвојување на таа територија од Србија во 1990-тите. Судот денес објави дека Тачи е виновен за убиствата на 96 политички противници и лица за кои се верува дека соработувале со српските безбедносни сили, извршени од силите на Ослободителната војска на Косово за време на конфликтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter