Сопругата на пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Ацевски, Марија Ацевска, повикала полиција по расправија со него во домот во скопско Ѓорче. До расправијата, како што стои во официјалната информација од МВР, дошло бидејќи сакал да ги земе нивните две малолетни деца.
,,На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот.
За информациите во дел од медиумите дека ја претепал сопругата, Ацевски вели дека се политичка хајка против него. Вели дека подолго време не живееле заедно со неа. Кога дошла во неговиот дом тој сакал со децата да замине во другото живеалиште по што како што вели дошло до недоразбирањето.
Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Ацевска која не одговри на нашите повици ниту пак на пораките.
Околу случајот реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Семејната драма кај пратеникот Ацевски доаѓа во период кога власта заедно со Обединетите спроведува кампања против насилство откако на 25ти беше одбележан Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.