МакедонијаПо еден учебник за двајца ученициЕден учебник да користат двајца ученици кои се соседи или живеат блиску.Вакво решение им било понудено на ученици од основното училиште „Братство Миѓени" во Тетово поради недостиг на книги, информираат нивните родители. -Веќе неколку години по ред се повторува недостигот на книги. Децата имаат нови учебници по математика и природните науки. Учебниците по македонски, општество, физичко, музичко и техничко образование, се стари. Но, се случува и старите учебници да ги нема за сите ученици, па еден учебник користат двајца ученици, објаснуваат родителите. Во општинскиот сектор за јавни дејности велат дека разни учебници недостигаат во повеќе училишта и на различни наставни јазици, но дека проблемот е од технички карактер. -Секоја година имаме проблем со учебниците, односно со доцнење на нивната достава. Идеално сите учебници треба да бидат донесени до училиштата до 31 август, но не е така. Ние навремено сме ги се известиле во Педагошки завод од каде училиштата добиваат учебници. Доставени им се информации кои учебници недостасуваат, но сепак сознанијата се дека се уште фалат и се очекуваат да пристигнат во секој момент, изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот. Според проценките на надлежните, до крајот на септември сите ученици ќе ги имаат потребните учебници./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Македонија е способна за големи подвизиМакедонија е способна за големи подвизи, инженерско чудо е изградбата на железницата Бељаковце -Крива Паланка, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата."На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон. Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи" напиша вицепремиерот Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВечерва стартува 23 Светски фудбалски шампионат Од денеска во следните месец дена светот ќе пулсира во ритамот на најважната споредна работа на планетата, фудбалот. Во САД, Мексико и Канада стартува 23 фудбалски Мундијал. Светско првенство започнува вечерва во 21 часот со натпреварот меѓу еден од кодомаќините Мексико и селекцијата на Јужна Африка. Шампионатот во Северна и Јужна Америка има два историски момента, тоа е првиот во кој три земји се домаќини и премиерниот Мундијал на кој ќе учествуваат рекордни 48 репрезетации, поделени во 12 групи од по четири тима. Инаку, двете најдобри репрезентации од секоја група и осумте најдобри третопласирани ќе се пласираат во осминафиналето. Вечерашната мундијалска премиера се игра на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време. Ова е меч од Групата А во кој се и селекциите на Чешка и Јужна Кореја. На генералната проба пред Светското првенство, Мексико ја декласираше репрезентацијата на Србија со резултат од 5:1. Шампионската титула од првенството во Катар ја брани тимот на Аргентинна, а според квалитетите на составите во кругот на фаворити за освојување на светиот трон покраг гаузосите се и Франција, Шпанија, Бразил, Португалија, Англија и Германија, секако може да се очекува и некое изненадување од Африка како селекциите на Мароко , Сенегал или Брегот на Слоновата Коска. Тагови: Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ЕвропаБелфаст потона во насилство по бруталното убиство извршено од мигрантВоден топ беше распореден за растерување на голема толпа по втората ноќ на нереди во Северна Ирска по нападот со нож во Белфаст.30 годишната Хади Алодид по потекло од Судан, се појави на суд под обвинение за обид за убиство. Тој е обвинета за напад со нож што се случи пред три дена во северен Белфаст, во кој Стефан Огилви беше тешко повреден. Неговото семејство доцна синоќа објави соопштение во кое .тие повикаа на мир, велејќи дека тоа е „единствениот пат напред“, додавајќи дека „многу мигранти даваат исклучително вреден придонес во општеството“.. Полицијата беше под постојан напад од група која фрлаше тули, шишиња и парчиња дрво .Јавниот превоз беше затворен низ Северна Ирска, а некои училишта вчера беа затворени. Центарот на градот Белфаст беше празен откако многу бизниси ги затворија своите работни места . Групи маскирани мажи запалија куќи, автобус и автомобили, главно во Белфаст, принудувајќи голем број семејства да ги напуштат своите домови. Молотови коктели беа фрлени и врз полицијата на голем број локации.Маскираните одеа од врата до врата обидувајќи се да нападнат странски државјани“полицијата вели дека корисниците на социјалните мрежи „означуваат имоти“ со објавување адреси онлајн или преку апликации „загрозуваат животи“ и може да извршуваат кривично дело. Тие постојано повикуваат на смиреност и велат дека настаните предизвикале значителна штета на заедниците, ширеле страв и ризикувале невини животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50