МакедонијаСДСМ: Мицкоски против земјоделците – пак го спаси Трипуновски од одговорностХристијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски. Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Сега на сите земјоделци им е кристиално јасно дека зад катастрофалната состојба во земјоделството, намалените субвенции, неисплатените субвенции, корупциските скандали стои Христијан Мицкоски. За само 2 години македонското земјоделство е на колена, земјоделците едвај преживуваат. Субвенциите се намалени за дури 40 милиони евра и не се исплаќаат, намалена е поддршката за тутунот од 100 на 80 денари за прва класа, укинати се низа мерки за малите земјоделци, лозарите, оризопроизводителите, намалени се субвенциите за говеда од 12.000 денари на само 8.000 денари. Сточарството е доведено на раб на колапс, бројот на грла се намалува, а сточарите секојдневно се жалат на намалените откупни цени на млекото. Во време кога цените во маркетите растат откупната цена на млекото се намалува. Па каде завршува разликата? Откупните цени се понижувачки, а производствените трошоци постојано растат. Лозарите, овоштарите, тутунарите и градинарите се оставени без никаква поддршка. Тоа го потврдуваат и бројките, откупот од малите земјоделци падна за 46,2 проценти, директен показател за колапсот на земјоделското производство и пласманот. Додека нема пари за земјоделците оргомни корупциски скандали се случија, како скандалот со ИПАРД програмата, митото од 50 илјади евра и многу други. Затоа денес е јасно зошто Трипуновски остана, само затоа што зад себе ја има заштита од Мицкоски. Прво го спасија од корупциски скандали, после го спасија и од политичка одговорност. До кога? Дали поради бизнис интереси, тендери, провизии? Јавноста ќе дознае, вистината не може да се сокрие. Скопје, 11.10.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
КошаркаПредраг Самарџиски дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на МакедонијаПредраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација.Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација. Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава. Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев на увид на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’ каде беше извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни, објави на својот профил на фејсбук, градоначалникот Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИсториски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја. Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време. БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook