Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
ФудбалВидео: Вечерва стартува 23 Светски фудбалски шампионат, се појавија снимки од генералната пробаОд денеска во следните триесеттина дена светот ќе пулсира во ритамот на најважната споредна работа на планетата, фудбалот, ќе уживаат во 104 средби меѓу најдобрите на светот. Во САД, Мексико и Канада стартува 23 фудбалски Мундијал. Светско првенство започнува вечерва во 21 часот со натпреварот меѓу еден од кодомаќините Мексико и селекцијата на Јужна Африка. Шампионатот во Северна и Јужна Америка има два историски момента, тоа е првиот во кој три земји се домаќини и премиерниот Мундијал на кој ќе учествуваат рекордни 48 репрезетации, поделени во 12 групи од по четири тима. Инаку, двете најдобри репрезентации од секоја група и осумте најдобри третопласирани ќе се пласираат во осминафиналето. Вечерашната мундијалска премиера се игра на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време. Ова е меч од Групата А во кој се и селекциите на Чешка и Јужна Кореја. На генералната проба пред Светското првенство, Мексико ја декласираше репрезентацијата на Србија со резултат од 5:1. Шампионската титула од првенството во Катар ја брани тимот на Аргентинна, а според квалитетите на составите во кругот на фаворити за освојување на светиот трон покраг гаузосите се и Франција, Шпанија, Бразил, Португалија, Англија и Германија, секако може да се очекува и некое изненадување од Африка како селекциите на Мароко , Сенегал или Брегот на Слоновата Коска. Во јавноста се појавија и снимки од генералната проба кои откриваат што ќе гледаат фудбалските фанови пред секој од 104-те натпревари на турнирот. هكذا سيكون شكل الاعلام و دخول اللاعبين لمباريات كأس العالم 🤯 ملاحظة : جميع اللاعبين بما فيهم "الاحتياط" سيتواجدون في منتصف الملعب أثناء النشيد الوطني كـ سابقة تاريخية يتم تطبيقها من الفيفا. pic.twitter.com/uxKEAw3jL3 — معن القويعي (@MaanAlquiae) June 10, 2026 Најголемите промени се во составот на играчите. Централното поле повеќе нема да биде само почетните единаесет, туку сите регистрирани играчи. The drone show in Mexico ahead of tonight’s opening game in The World Cup is absolutely incredible… 🤯👏pic.twitter.com/NEmrBLLO3T — Football Away Days (@FBAwayDays) June 11, 2026 Традиционалното пеење на националните химни исто така ќе биде укинато, а националните химни ќе ги изведуваат познати пејачи. Тагови: Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на СкопјеСо положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес. 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот. Со почит, Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook