Николоски: Македонија е способна за големи подвизи - Канал 5

Николоски: Македонија е способна за големи подвизи

Македонија е способна за големи подвизи, инженерско чудо е изградбата на железницата Бељаковце -Крива Паланка, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

Николоски: Македонија е способна за големи подвизи

"На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина.

Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон.

Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи" напиша вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“

Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“, граѓаните ќе имаат пониски трошоци и подобра поврзаност.

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“

Започнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“.

Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство.

Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

На состанокот што е закажан за 12 јуни 2026 година, претставници на Европската комисија заедно со министрите од државите од Западен Балкан ќе се разгледуваат различни аспекти поврзани со процесот на приближување кон европските дигитални иницијативи.

Со приклучувањето кон оваа иницијатива ќе се овозможи подобра поврзаност, пониски трошоци и поголема интеграција во европскиот дигитален простор, со што Македонија дополнително ќе се доближи до европските дигитални стандарди.

Граѓаните ќе можат да користат интернет, СМС-пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од Европската Унија, по цени како во домашниот сообраќај.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската иднина на Македонија, како и на дигитализацијата и модернизацијата на државата.

Во јавноста често се слушаат тврдења за проевропска ориентација од страна на опозицијата, иако, според нивните досегашни политики во периодот кога беа на власт, недостасуваа конкретни резултати и реализација на најавените проекти.

За разлика од тоа, актуелните политики се насочени кон конкретни, мерливи и директни придобивки за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбелоа во Премиер лигата?

 Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Алваро Арбелоа, е еден од кандидатите за менаџерската позиција во Фулам по заминувањето на Марко Силва.

Арбелоа во Премиер лигата?

Според „Атлетик“, челниците на лондонскиот клуб воделе разговори со Арбело, кој е меѓу фаворитите за преземање на тимот од „Крејвен Котиџ“.

Фулам во моментов нема трајно решение на клупата, бидејќи Силва го напушти клубот по пет години за да се приклучи на Бенфика. На почетокот на годината, Арбелоа привремено го презеде првиот тим на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо.

Поранешниот тренер на резервниот тим на мадридскиот клуб го водеше Реал во еден тежок период, но резултатите не беа на очекуваното ниво.

Неговото деби на клупата на „кралскиот клуб“ беше обележано со елиминацијата од Албасете во Кралскиот куп, додека во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Реал го запре Баерн Минхен со вкупен резултат од 6:4.

Мадридскиот тим ја заврши сезоната во Примера на второто место, осум бода зад шампионот Барселона. И покрај ова, Арбелоа би можел да добие можност за прв пат трајно да води клуб од едно од најсилните европски првенства.

Дополнителна предност е фактот што добро го познава англискиот фудбал, бидејќи во текот на својата играчка кариера играл за Ливерпул и Вест Хем во Премиер лигата. Според британските медиуми, преговорите меѓу Фулам и Арбелоа се во тек, а договорот наводно е блиску до реализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 година добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите.

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 година добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите.

Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир.

Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра.

Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра)

Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973 илјади евра)

Договор бр. 3 – 61.138.706 денари (околу 994 илјади евра)

Договор бр. 4 – 3.520.412 денари (над 57 илјади евра)

Вкупно: 212.954.005 денари или 3.462.665 евра јавни пари од Општина Чаир.

Уште позагрижувачки е фактот што станува збор за компанија која е основана само неколку месеци пред да започне да добива милионски договори од Општина Чаир.

Особено индикативен е фактот што овие договори не се склучени во рамките на еден политички период.

Два од нив се потпишани во мандатот на Висар Ганиу, додека другите два се склучени во периодот кога политичките структури на Изет Меџити ја контролираат општината. Ова отвора сериозни сомнежи дека не станува збор за изолиран случај, туку за континуитет на истиот модел на функционирање и на истите кругови на интерес.

Случајот станува уште поинтересен кога ќе се погледнат податоците за адресата на компанијата.

Според документите, седиштето на компанијата е регистрирано на улица „Дижонска“ бр. 5/х во Чаир. Достапната документација покажува дека станува збор за приватна адреса на живеење, а на истата адреса се регистрирани и други деловни субјекти поврзани со лица од истото семејство. Овие факти сами по себе не претставуваат доказ за незаконитост, но претставуваат повеќе од доволна причина за целосна институционална проверка.

Пред овие факти, граѓаните имаат право да бараат одговори:

Како компанија основана во 2024 година успеала да добие над 3,4 милиони евра јавни средства?

Кои биле нејзините реални референци и капацитети во моментот кога ги добила овие договори?

Кој ја проверил исполнетоста на условите за овие постапки?

Дали биле проверени евентуални деловни, семејни и политички врски кои можеле да влијаат врз доделувањето на овие договори?

Зошто институциите продолжуваат да молчат пред случаи кои во секоја функционална демократија би заслужувале итна истрага?

Особено загрижува фактот што речиси секоја афера која излегува во јавноста од Чаир поминува без сериозна институционална реакција.

Кога институциите молчат пред основани сомнежи за злоупотреба на јавните средства, се создава впечаток дека борбата против корупцијата не се води според законот, туку според политичките потреби на власта.

Затоа ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да ги проверат сите околности поврзани со овие договори и јавно да ги објават своите наоди.

Истовремено, ДУИ ќе ги информира Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија, европратениците и меѓународните партнери за институционалното непостапување пред сериозни сомнежи за корупција во Чаир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер