МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
1Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода
2МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
Други спортовиТрет ден од Светската универзијада во Бразилија: Два нови тимски медали за МакедонијаМакедонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари.Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате. Успешен ден имаа и девојките во кумите тимска конкуренција. Со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал. По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во универзитетското карате. Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во ГерманијаПо исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше пред инцидентот. Работевме ден и ноќ за да го приспособиме и подготвиме колку што е можно подобро за настапот во Германија, споделува Иџе. Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за настап. Тоа е првата и најголема битка што треба да ја добиеме пред воопшто да застанеме на стартот, додава Стефановски. Се надевам дека се’ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот, смета Стефановски. Веднаш по завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици. „Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се гледа вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд нема да биде лесен, но ќе дадеме максимум за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“ Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаДенеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела ВодаДенеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода, по тој повод, општината организира целодневна програма под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. Како што информираат од општината посетителите во текот на денот ќе имаат можност да присуствуваат на спортски и забавни активности, да се сретнат со македонски спортисти, репрезентативци и ракометарите на РК Вардар, како и да се запознаат со новите содржини на салата на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отстоЦентарот за граѓански комуникации во своето истражување утврди неправилности од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за изборот на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани.Центарот за граѓански комуникации во своето истражување утврди неправилности од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за изборот на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани за време на воените операции на Блискиот Исток во март, по почетокот на војната на САД и Израел со Иран. Според анализата евакуациските летови од Дубаи и Ријад во март 2026 се платени авансно пред летовите, наеднаш во 3 транши во износ од еден милион евра, што е спротивно на законот за јавни набавки кој предвидува дека максималниот износ на авансот може да изнесува до 20% од вредноста на договорот. Авансните плаќања не биле обезбедени со банкарска гаранција како што предвидува законот и не биле однапред предвидени во тендерската документација. За евакуација на македонските државјани од воениот регион, министерството на 4 март ,по работното време до 9 фирми испраќа барање да достават понуда следното утро до 11:00 часот. Произлегува дека фирмите требало да достават понуда за помалку од едно деноноќие. Испратени се понуди до 9 економски оператори, на нивните општи контакт-адреси. Не се јасни критериумите врз основа на кои мнр ги избрало токму овие девет фирми, со оглед на тоа што ниту една од нив нема тековен договор за обезбедување авионски услуги со некоја државна институција.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter