Караманлис прифатил Република Македонија –Скопје и двојна формула за името

Дали Македонија можела да избегне промена на уставното име, а притоа да го реши спорот со Грција?

Ова прашање се отвори по објавата на писмото кое во 2005тата година, тогашниот грчки премиер Костас Караманлис му го испратил на американскиот претседател Џорџ Буш, а во кое изразува подготвеност неговата влада да ја прифати двојната формула, а Македонија да го задржи уставното име за внатрешна употребна без било какви уставни измени.

Писмото го објавија од СИРИЗА само неколку денови пред тамошните парламентарни избори, а целта според нив е релано да се покаже хипокризијата на Мицотакис и обвинувањата на Нова Демократија дека Ципрас го „продал“ името Македонија.

Караманлис му пишал на Буш и дека тие нема да го спорат терминот „македонски“ а јазикот воопшто немало да биде дел од договорот, кој би се направил врз основа на тогашен предлог на медијаторот Нимиц. За писмото бил запознаен и тогашниот македонски премиер Владо Бучковски, а за содржината на истото разговарал директно со Буш во Белата Куќа.

По ова се отвора прашањето зошто земјава уште тогаш не го затворила спорот за името, без било какви уставни измени, по што во 2008тата на самитот на Букурешт ќе станевме дел од НАТО, а и дефинитивно ќе бидевме на добар пат во евро интеграциите?

Објавувањето на писмо, односно „џокерот од ракав“ на Ципрас, тамошните медиуми го опишуваат како тежок удар за Мицотакис и Нова Демократија, бидејќи за време на потпишувањето и спроведувањето на Преспанскиот договорот, тој и неговата партија беа најгласни во обвинувањата до СИРИЗА дека ги предала националните интереси и дека тие како партија никогаш и под никакви услови не би потпишале таков договор.

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер