Тодоров: Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е нејасна

Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е многу нејасна, изјави поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров.

На денот на централниот комитет не бев тука, бев во странство, и видов дека сум исклучен. Тоа боли. Ова е продолжение на истиот начин на функционирање со  сплетки, интриги, невистини. Тодоров ги отфрли обвинувањата дека на денот на централниот комитет спремал пуч. Никогаш ниту сум направил, ниту помислувал да направи пуч во ВМРО-ДПМНЕ, партијата, во која, како што рече, ги оставил коските. Јас верувам во карма, ако дојдеш со пуч, со пуч ќе си заминеш, рече Тодоров. Сега во ВМРО-ДПМНЕ има три структури, а раководството ја носи партијата во изолација. Оцени дека во изминатиот период како да имало оркестрирани обиди да се претстави како предавник. Вели со пратениците кои гласаа за пристапување кон уставните измени се слушнал следниот ден. Можеби направиле грешка, но може и ја спасиле државата од пропаст – рече Тодоров. Поранершниот министер им се извини на жените за законот за абортус донесен во 2013 година и за кој сметаше дека бил најлинерален закон во Европа. За референдумот, за Преспанскиот договор, за 27 април, за тоа што беше клучно да се повлече од пратеничката функција,  има ли намера да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете го најновото издание на „Само Вистина“

притисни ентер