Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра - Канал 5

Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра

Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки.

Ангеловска-Бежоска: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра

Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за Македонската радио телевизија посочува дека значајно ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции со пристапувањето во СЕПА, а придобивките за граѓаните и за компаниите ќе бидат големи, а тоа ќе значи покрај поевтин и побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА (36 земји).

Според студија на Светска банка прекуграничните плаќања во регионот на Западен Балкан, како што велигувернерката, се до 6 пати поскапи од плаќањата во ЕУ, а подолг е и нивниот период на извршување, а со влезот во СЕПА тоа ќе се промени.

-Тековно за да се изврши едно меѓународно плаќање потребни се најмалку неколку дена, а членството ќе значи плаќање, односно реализирање на платежните трансакции во тек на еден ден, а доколку се работи за користење на инстант платежен систем тогаш дури и за само 10-тина секунди ќе може да се реализира плаќањето. Поконкретно ако се фокусирам на граѓаните, ова особено ќе биде значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15 отстп од БДП. Според Светска банка трошоците за извршување на дознаките можат да се преполоват на ниво од околу 3 отсто, а сето тоа на ниво на регион на Западен Балкан може да резултира со заштеди од дури половина милијарди евра, посочува гувернерка Ангеловска-Бежоска.

Нагласува дека брзината на трансферот на средствата е особено важна за компаниите при носењето на бизнис одлуките.

-Во однос на компаниите, брзината и намалувањето на трошоците се многу значајни елементи коишто можат да ја поттикнат уште повеќе трговијата, инвестициите , секако тоа на крај да резултира со повисок економски раст. Дури има проценки дека овој процес може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочи дека изминативе години Народната банка во соработка со Министерството за финансии, Управата за спречување на перење на пари и други институции интензивно работеше на усогласување на нашата регулатива со европската. Најголем исчекор е направен со Законот за платежни услуги и платежни системи којшто беше усвоен минатата година.

-Но, она што останува да се финализира е усвојување на измени на Законот за спречување на перење на пари, коишто впрочем се и веќе подготвени, се во фаза на финализација. Доколку ова се реализира во скоро време, се усвојат од страна на Собранието измените на овој Закон, мислам дека може да се надеваме на позитивен исход до крајот од оваа година, вели Ангеловска-Бежоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.

Орце Ѓорѓиевски: Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед

На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.

Паралелно продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.

Со конкретни активности и инвестиции во јавните простори, продолжуваме да го уредуваме градот во согласност со потребите и очекувањата на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум години од потпишувањето на договорот од Преспа

Пред осум години, на 17 јуни 2018 година, во малото грчко село Нивици, на брегот на Преспанското езеро на грчка територија,  Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете з

Осум години од потпишувањето на договорот од Преспа

Со договорот, Македонија го смени уставното име, а Грција го призна македонскиот јазик и идентитет, по што станавме и членка на НАТО.

Сепак, референдумот организиран на 30 септември 2018 година не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи..По ратификацијата во двата партламенти, Договорот од Преспа на 12 февруари 2019 и официјално стапи на сила.. Македонија потоа стана 30 -та земја членка на НАТО. Но не и на Европската унија иако токму спорот со името години наназад беше испорачуван како услов за почеток на преговорите со Европската унија

И покрај промените на власта во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, има можност за амандмани

Министерството за правда нема да ги повлече законите за судска и јавнообвинителска служба. 

МП: Законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, има можност за амандмани

По вчерашните остри критики од страна на вработените во овие служби и членови на синдикатот кои бараат да се повлечат законите предупредувајќи дека не се реформски ниту пак се истите што ги изработиле работните групи, од кабинетот на министерот Игор Филков за Канал 5 велат дека ниту едно стекнато право на вработените не било укинато а со законските решенија се зајакнува правната сигурност и на јасен и предвидлив начин се уредува статусот на службите.

-Во однос на наводите дека постојат разлики во однос на текстовите изработени од работната група, потенцираме дека законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, особено донесувањето на Законот за административни службеници и склучените колективни договори, со цел обезбедување правна усогласеност и функционална кохерентност на целиот систем. Во понеделник предлог-законите се предвидени за второ читање во Собранието, каде што сите пратеници ќе имаат можност да поднесат амандмани. Токму преку оваа фаза на собраниска расправа ќе се овозможи дополнително прецизирање, унапредување и усогласување на текстот, со цел конечното законско решение да биде квалитетно, применливо и во интерес на институциите и граѓаните,- - Министерство за правда.

Претставници на судовите и обвинителствата на јавната расправа алармираа дека двата предлог-закона, наместо реформски, се дискриминирачки и ќе направат поделба меѓу персоналот во услови кога судовите и обвинителствата кубурат со кадар. Според нив клучно е тоа што законите ги препознаваат само стручните служби како посебни државни службеници додека другите вработени се изедначуваат со административни службеници што сметаат дека значи уназадување, пониски плати и нееднаквост.

-Со години укажуваме дека работата во јавното обвинителство не може да се третира како класична административна работа. Работиме со кривични предмети. Работиме со класифицирани информации. Работиме со финансиски истраги. Работиме со докази. Работиме во постапки кои директно влијаат врз кривичниот прогон и владеењето на правото. Токму затоа очекувавме закон што ќе ја препознае таа специфичност. Наместо тоа, добиваме закон во кој најголемиот дел од клучните прашања повторно се регулираат по логика блиска до државната администрација.,- изјави – Маја Петрова – Советник портпарол и Заменик претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства .

И двата закони се дел од реформската агенда и требаше да бидат донесени уште лани. Но бидејќи постапката доцнеше предвидено е најдоцна до декември годинава да бидат усвони во собранието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер