Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада - Канал 5

Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада.

Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада

Во контекст на тоа вели тој оди и брзото приведување на сторителот. Инцидентот претходно најостро го осудија од македонската влада и го оценија како недозволив и вандалски чин, рекоа дека секој обид за предизвикување тензии и ширење омраза ќе биде максимално санкциониран. Тошковски најави дека обвинителството ќе го води случајот како приоритетен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровски во Луксембург на Советот за општи работи: Хибридна кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург.

Димитровски во Луксембург на Советот за општи работи: Хибридна кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед

Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија.

На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.

Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

Во своето обраќање, Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на Европскиот штит за демократија и Европскиот центар за демократска отпорност, оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

Димитровски посочи дека Република Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност. Притоа, ги истакна сите мерки и напори што ги превзема Владата во овој сектор.

"Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството", нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.

Тој ја потврди подготвеноста на нашата земја, активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување на странско мешање и хибридни закани, во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија.

Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%

Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии.

Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и поддршка на македонското стопанство. Токму овие политики обезбедуваат континуиран раст на економијата и создаваат услови за нови работни места и повисоки приходи за граѓаните.

Македонија бележи раст од над 3% во 7 последователни квартали, а според кварталните показатели се наоѓаме помеѓу водечките европски економии по стапка на раст. Истовремено, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година.

Создадени се 17.000 нови работни места и ова е уште еден јасен показател дека мерките што ги спроведуваме даваат резултати и создаваат нови можности за вработување и економски развој.

Во областа на јавните финансии, јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон капитални проекти.

Денес сме исправени пред обврската да го намалуваме јавниот долг, да ја одржуваме финансиската стабилност и да инвестираме во развој.

Нашата цел останува јасна, стабилна економија, стабилни јавни финансии, нови инвестиции, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за сите граѓани.

Македонија забрзува!

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Џаво Отомотив“ е потврда дека Македонија има јасна и предвидлива економска перспектива

Во Технолошко-индустриската развојна зона(ТИРЗ)  во Тетово ќе се реализира нова странска инвестиција вредна околу 20 милиони евра.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Џаво Отомотив“ е потврда дека Македонија има јасна и предвидлива економска перспектива

-Денес имаме уште една значајна вест за македонската економија, за индустрискиот развој и за отворањето нови работни места.

Станува збор за инвестиција на компанијата „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, и присутна на меѓународните пазари како производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители во автомобилскиот сектор.

Компанијата своето производство денеска го реализира, како што слушнавте, во Турција и Централна Европа, снабдувајќи бројни реномирани партнери од автомобилската индустрија.

Новата инвестиција ќе биде реализирана во ТИРЗ Тетово и претставува уште една потврда дека стануваме атрактивна дестинација за компании кои работат во индустрии со висока додадена вредност и современи производни технологии.

Планирано е во Тетово да се пренесе целокупното производството од Турција и Словачка.

Особено значајно е што целокупното производство на контролни кабли на компанијата во иднина ќе се реализира токму од тука, од Тетово, што претставува дополнителна потврда за довербата што инвеститорот ја има во домашната македонска економија, работната сила и деловната клима.

Инвестицијата, како што веќе беше споменато, ќе започне со закуп на постоечки објект, значи станува збор за „brownfield“ инвестиција, со површина од 8.000 квадратни метри, а согласно развојниот план на компанијата, капацитетите ќе се прошируваат до 21.000 квадратни метри до 2028 година.

Во првите пет години, односно во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира отприлика, како што веќе беше споменато, околу 20-21 милион евра.

Оваа инвестиција ќе донесе и нови можности за вработување. Според бизнис-планот на компанијата, ќе бидат отворени помеѓу 400 и 500 нови работни места, во моментите кога компанијата ќе го добие својот полн сјај.

Дополнително, проектот ќе има значително позитивно влијание врз извозот, бидејќи нивниот план е извозот да стигне до 45 милиони евра годишно.

Ова не е само инвестиција во бројки. Ова е инвестиција во доверба.

Доверба во институциите. Доверба во економските политики. Доверба во стабилноста на државата.

Кога една странска компанија носи одлука дел од своето производство да го пресели токму тука кај нас, тоа значи дека препознала сигурност, предвидливост и јасна економска перспектива.

Во изминатиот период многумина зборуваа дека инвеститорите ќе си заминувале, дека индустриските зони ќе стагнираат и дека економијата нема капацитет за нов развој. Но, имам лоша вест за нив. Не само што многу добро одат работите, односно многу подобро од било кога, туку и фактите го покажуваат спротивното.

Нови компании доаѓаат, постојните инвеститори ги прошируваат своите капацитети, а земјата станува сѐ повидлива на мапата на европската индустрија.

Токму затоа, секоја нова инвестиција ја гледаме како дел од една поширока стратегија. Ние не градиме економија заснована на задолжувања и статистички трикови. Градиме економија која се потпира на производство, инвестиции, извоз и реален економски раст.

И затоа денешната инвестиција на „Џаво Отомотив“ е уште еден показател дека се движиме во вистинска насока.

Ова е порака до секој млад човек кој размислува за својата иднина. Ова е порака до секој работник, инженер, техничар и претприемач. Ова е порака дека државата повторно станува место каде што вреди да се инвестира, да се работи и да се гради иднината.

Продолжуваме со уште поголема енергија, уште повеќе инвестиции и уште повеќе можности за граѓаните.

Нашата цел е јасна – силна економија, повисок животен стандард и држава која забрзано се развива, истакна премиерот Мицкоски во своето обраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер