ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
2ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
ЗдравјеМицкоски: Здравството е нашиот фокус, реконструирана е ЈЗУ Општа Болница СтрумицаВо здравството прилично многу имаме фокус, сите оние реформи коишто ги правиме до сега сите оние инвестиции коишто ги правиме до сега се навистина проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. „Добар ден и од мене почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, колеги, за мене претставува особена чест и задоволство кога ќе можеме да присуствувам на ваков настан, бидејќи почнуваме нешто ново нешто убаво. Кажа и директорот, 40тина години се чекаше да случи ова што денеска се случува, нормално сега треба последната рака на средување да се случи што е мало доопремување коешто очекуваме да заврши до крајот на август и конечно веќе да речеме од почетокот на септември целосно да биде објектот пуштен во употреба. Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно. Во здравството прилично многу имаме фокус, сите оние реформи коишто ги правиме до сега сите оние инвестиции коишто ги правиме до сега се навистина проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, завршена е јавната, односно оној процес на барање на меѓународни финансиери за проектите коишто исто така се почнати како што е Клиничката болница во Штип, заедно со студентскиот дом и новата зграда на Медицинскиот факултет. Потоа зградата во Кичево, здравствениот дом заедно со проширената дејност таму и Клиничката болница во Тетово, а веќе во некоја следна фаза размислуваме и го развиваме проектот за голем клинички центар во Скопје на локација за којашто веќе зборувавме. Ја користам оваа прилика да ве информирам граѓаните во овој дел од Македонија дека ќе биде објавен тендерот за физибилити и проектно решение на изведба на експресен пат којшто ќе ги поврзува општините Радовиш и Струмица во текот на оваа недела значи постојниот ќе биде проширен, а потоа ќе се конечно тој пат поврзе со оној пат којшто треба да ја поврзе Струмица со нашиот источен сосед со што ќе добиеме уште едно поврзување како дел од коридорот 8 со нашиот источен сосед. После она поврзување коешто го направивме од Страцин до Крива Паланка исто така отпочнуваме со реализиција на проектот Романовце-Страцин, вториот дел е веќе отпочнат односно распишана е јавна набавка за физибилити студија и проектно решение на експресен пат којшто ќе ги поврзе Кочани и Виница со Делчево, и сега останува да се надоврзе и отсечката Радовиш-Струмица и граничен премин кон Бугарија. Така што, сето ова коешто со децении се очекуваше се отпочнува, се раздвижуваат работите, целта ни е да ги реализираме нашите стратешки цели и мислам дека на добар пат сме. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на директорот овде, на болницата во Струмица за посветената работа, за сето она коешто го прави изминатиот период, да се заблагодарам на мојот колега од владата министерот за здравство, на директорот на фондот за здравствено осигурување, на пратениците коишто доаѓаат од струмичкиот регион коишто секогаш се борат за проект повеќе да имаме овде изработено, градоначалниците се разбира од струмичкиот регион коишто исто така со својата посветеност посветуваа големо внимание и најголема благодарност до персоналот овде во болницата, до лекарите, медицинскиот персонал којшто и покрај предизвиците на времето успеа да дочекаат еден ваков објект да стане реалност и да можат да го користат. Јас секогаш велам, малку помалку да имаме од вообичаено корисници на овој објект, тоа значи дека сме поздрава нација, но тие коишто ќе го користат овој објект да го користат во современи, европски услови какви што се овие сега тука. “Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНаоми Кембел застана зад ди-џеј пулт и ја отвори ски сезоната на Јахорина во БиХ Познатата британска манекенка и модна икона Наоми Кембел настапи како диџеј на Јахорина во саботата навечер, отворајќи ја новата зимска туристичка сезона. Нејзиниот сет беше централниот настан на отворањето на скијачкиот турнир. Пристигнување и прес-конференција Кембел слета на аеродромот во Сараево попладнето, по што се упати кон Јахорина, каде што се одржа прес-конференција пред настапот. Претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар Јахорина, Недељко Елек, во таа пригода рече дека нејзиното пристигнување е голема чест и потврда дека Јахорина станала светска дестинација. Тој на шега додаде дека со неа пристигнал и снег на планината. Елек, исто така, му подари на познатиот гостин посебен подарок - традиционална рачно изработена облека од регионот Сараево-Романија, која во минатото ја носеле жените од таа област. Кембел истакна дека тоа е нејзин прв пат на Јахорина и им се заблагодари за топлото добредојде. „Многу сум среќна што сум тука. Ви посакувам на сите одличен почеток на скијачката сезона. Големо задоволство ми е и со нетрпение очекувам да ви пуштам музика вечерва. Се надевам дека сите ќе танцувате“, рече таа. Музички сет и нова кариера Таа застана на диџејската маса по настапот на Никола Роквиќ, кој ја отвори вечерта. За време на нејзиниот настап, публиката го слушна репертоарот што таа вообичаено го изведува, а листата на песни вклучуваше, меѓу другите, „Remembering“, „63 Mean Street“, „Empty Trainload of Sky“, „Naturally“, „Poncho Leftie“, „The Cottage“, „Tuesday's News“, „Your House“, како и преработка на класиката „Knockin' on Heaven's Door“. Иако стекна светска слава на модните писти како дел од генерацијата супермодели што ја одбележаа историјата на модата, Кемпбел во последните години гради и музичка кариера. По години свирење музика приватно за пријатели, таа го имаше своето јавно деби како диџеј во март 2025 година со поддршка и менторство на диџејот Чарлс Принс. Оттогаш, таа редовно настапува на ексклузивни настани и модни недели во Дубаи, Париз, Минхен, Азербејџан и Милано.Тагови: Наоми Кембел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва Повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, беа цел на украински беспилотни летала во уште еден напад во текот на ноќта.Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од илјада авиони, пишува Euronews. Новиот напад се случи само еден ден откако Русија објави дека уништила повеќе од 1.200 украински беспилотни летала. Стотици авиони во последниот бран го таргетираа московскиот регион, додека украинските сили нападнаа и десетина други области. Двете земји ги засилија воздушните напади во последните месеци, бидејќи војната влегува во својата петта година. Извештај од Москва Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 беспилотни летала летале во пошироката област на главниот град. „Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните пристапи. Вкупно 105 беспилотни летала беа уништени на самиот пристап кон Москва“, напиша Собјанин на државната платформа Max. Иако редовно се спроведуваат размени на затвореници, дипломатските напори за завршување на најтешкиот европски конфликт од Втората светска војна сè уште не доведоа до конкретен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата годинаЗа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите. Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година. Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка. Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив. ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31