ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS - Канал 5

ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS

Тимот Peugeot TotalEnergies и неговите шест возачи покажаа издржливост и борбен дух во текот на целата недела на La Mans.

ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS

PEUGEOT 9X8 #94 и #93 завршија на 11-то и 12-то место на 24 часа La Mans за 2026.

Тимот TotalEnergies освои шест поени на FIA WEC.

Ова 94-то издание на 24-часа Le Mans, кое ја одбележа стогодишнината од првото учество на PEUGEOT, не го донесе резултатот на кој се надеваше тимот Peugeot TotalEnergies. Без потребното темпо на квалификациите, двата болида PEUGEOT 9X8 го обезбедија 16-то и 18-то место на стартната линија пред почетокот на трката во саботата, 13 јуни.

Во овие многу предизвикувачки околности, шесте возачи останаа целосно фокусирани во текот на целата 24 часовна трка, комплетирајќи долги кругови без да се намали темпото, вклучувајќи две серии од пет круга за Malthe Jakobse. И покрај промената на задниот дел на автомобилот #94 и казната „drive-through“ на #93 во текот на ноќта, тимот изврши контролирана и дисциплинирана трка од почеток до крај.

И двата болида PEUGEOT 9X8 стигнаа до целта на една немилосрдна трка, нагласувајќи ја сигурноста. Автомобилот #94, управуван од Loïc Duval, Théo Pourchaire и Malthe Jakobsen, заврши на 11-то место по 377 круга. Автомобилот #93, со aul di Resta, Nick Cassidy и Stoffel Vandoorne, заврши на 12-то место, поминувајќи 5.123 km без никакви технички проблеми.

Тимот го напушта Le Mans со шест шампионски поени и засилена решителност за подобрување. Иако резултатот не ги исполнува очекувањата, научените лекции ќе играат клучна улога во тековниот развој на проектот и неговите долгорочни амбиции

Во оваа сезона на FIA WEC која е сè уште во полн ек, тимот Peugeot TotalEnergies е веќе фокусиран на претстојните трки, решен да продолжи да напредува и да се врати посилен. Тимот сега го насочува своето внимание кон следната трка: 6 часа São Paulo на 12 јули.

Освен самата трка, тимот Peugeot TotalEnergies и брендот PEUGEOT уживаа во особено богат и ангажиран викенд, пречекувајќи повеќе од 2.000 гости низ целиот настан.

Бројни активности се одржаа на патеката Circuit de la Sarthe, меѓу кои фан-зоната на PEUGEOT, каде што брендот го претстави концепт автомобилот Polygon заедно со своите симулатори Hypersquare, Cinema Drive-In Paradiso во партнерство со mk2 и селото на производителот, каде што PEUGEOT официјално ја започна продажбата на новиот E-208 GTi.

Во саботата, 13 јуни, пред трката, парадата по повод стогодишнината ги собра историските тркачки автомобили и иконските модели на патеката. Учествуваа неколку личности од брендот и светот на мотоспортот, вклучувајќи ги John Elkann (Претседател на Stellantis), Emmanuele Cappellano (Оперативен Директор на Enlarged Europe Stellantis), Alain Favey (Извршен Директор на PEUGEOT) и Pierre Fillon (Претседател на ACO) зад управувачот на PEUGEOT 908, заедно со Éric Hélary кој го возеше PEUGEOT 905.

Со комбинирање на спортските перформанси со искуството на брендот, викендот ја зајакна врската помеѓу PEUGEOT, неговите гости и неговите фанови, во единствена средина каде што се споија наследството и иновацијата.

Emmanuel Esnault – Раководител на тимот Peugeot TotalEnergies

„Главната позитивна страна е што стигнавме до крај на 24-часа Le Mans. Автомобилот се покажа сигурен во текот на целата трка, а тимот извозе одлична трка без да се откаже. Заминуваме со шест шампионски поени и јасна решеност да се подобриме. Резултатот не е она што го посакувавме, ни недостасуваа целосни перформанси во квалификациите, а тоа продолжи и во трката. Сепак, ова издание ни овозможи вредни лекции додека продолжуваме да се спремаме за 2027 година. Сезоната е сè уште долга и ќе продолжиме да се бориме за да станеме поконкурентни.“

Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94)

„Беше тешка трка, како што се очекуваше по квалификациите. Ни недостасуваа перформанси, па затоа дадовме сè од себе. И двата автомобила стигнаа до целта без проблеми и освоивме неколку поени. Браво за целиот тим и за моите соиграчи за нивниот труд.“

Malthe Jakobsen (PEUGEOT 9X8 #94)

„Извозив две последователни серии од по пет круга, па поминав многу време во болидот, но навистина уживав. Го извлековме максимумот од сè што имавме на располагање овој викенд и успеавме да освоиме неколку бодови.“

Théo Pourchaire (PEUGEOT 9X8 #94)

„Дадовме сè од себе и не оставивме ништо на случајноста. Дури успеав да извозам и моќен круг на крајот, и покрај условите на патеката. Разочарувачки е бидејќи сите сонуваме да ја освоиме оваа трка, но го дадовме својот максимум. За мене ова беше неверојатно искуство на мојта втора трка на Le Mans, и се надевам дека нема да биде последена.“

Nick Cassidy (PEUGEOT 9X8 #93)

„Овие 24 часа беа исклучително тешки. Тимот беше неверојатен, апсолутно неуморен и беспрекорен во својата работа. Тоа само ја зајакнува нашата решеност да се вратиме посилни и да се бориме за успех следната година. Веќе гледаме напред кон Le Mans 2027.“

Paul di Resta (PEUGEOT 9X8 #93)

„Беше многу тешка трка, особено на почетокот поради високите температури на патеката. Фокусот беше на одржување на конзистентност, избегнување на грешки и максимално искористување на секоја можност. Тимот остана фокусиран во текот на целата трка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарската претстава „Татко“ со две нови изведби во Лабораториум

По октомвриската премиера, театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ, повторно ќе биде изведена на 4 и 5 ноември 2026 година, во Културниот центар Лабораториум во Скопје.

Театарската претстава „Татко“ со две нови изведби во Лабораториум

Претставата е во продукција на Перипетија продукција, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков.

Иако напишана пред повеќе од еден век, драмата на Стриндберг отвора прашања кои и денес се длабоко присутни во општеството. Во оваа сценска поставка, класичниот конфликт меѓу брачните партнери добива нова перспектива, преку која се преиспитуваат механизмите на моќ, контролата и психолошкото насилство во интимните односи, како и последиците што тие ги оставаат врз семејството.

Современата адаптација на Тамара Барачков прави значајно поместување во однос на оригиналниот текст. Женскиот лик повеќе не настојува да ја докаже непресметливоста на сопругот, туку бара институционална помош и заштита од психолошкото насилство на кое е изложена. Со ова поместување, претставата ја напушта едноставната поделба на жртва и виновник и отвора простор за преиспитување на одговорноста на двајцата партнери, но и на општествените механизми кои овозможуваат насилството да остане непрепознаено или нормализирано.

Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи.

Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство

Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на  проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство

Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница.

За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници.

Настанот го водеше Здравко Нечофски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници.

Во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив.

„Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме“, изјави Стерјовски.

Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции.

Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој.

Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество.

На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча; Лирика Појани, костимограф; Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец; Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“; Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“; Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“; Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства.

Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од нашите предци и зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците.

На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина.

Македонското друштво „Сонце“ изразува благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност.

На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници

По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, синоќа во неколку големи градови изби насилство. 

Видео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници

Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени.

Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“.

Во Франкфурт, ситуацијата ескалираше доцна вечерта, кога демонстранти провалија во продавници и украдоа стока. Полицијата уапси околу 30 лица, а при интервенцијата беше запленето и оружје.

Насилство изби и во Келн, каде што демонстранти фрлаа шишиња и велосипеди кон полициските службеници. Нападот се случи на плоштадот кај катедралата, во близина на главната железничка станица, при што едно лице беше повредено. Пет лица беа приведени.

Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, изјави дека од маскирани демонстранти биле одземени молотови коктели и чекани за итни случаи. „Целта поради која ги носеле овие предмети е очигледна“, рече Херманс.

Во Берлин, демонстрантите фрлале петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарите. На протестите биле присутни и поддржувачи на пропалестинското движење. Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полицајци се повредени.

Најголем број учесници во протестите имало во Хамбург, каде што, според податоците на полицијата, на улиците имало околу 6.700 луѓе.

Некои од демонстрантите, облечени во црно и со маски на лицата, ги запалиле барикадите.

Полицијата ја растерала толпата со употреба на бибер-спреј, а пожарот бил изгаснат со водени топови.

Уапсени се околу 120 изгредници.

Демонстрациите во 34 германски града биле организирани од иницијативата „Генерација З решава“ („Gen Z regelt“), која, според сопствените изјави, се огради од насилството.

Протестите првично биле замислени како мирни собири, со барања за поголеми финансиски средства за училиштата, подобра поддршка за луѓето што се соочуваат со зависности и подостапна психотерапија. Учесниците, исто така, побарале конкретни мерки за справување со порастот на трошоците за живот, поголема социјална правда и посилна заштита на климата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер