МП: Законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, има можност за амандмани - Канал 5

МП: Законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, има можност за амандмани

Министерството за правда нема да ги повлече законите за судска и јавнообвинителска служба. 

МП: Законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, има можност за амандмани

По вчерашните остри критики од страна на вработените во овие служби и членови на синдикатот кои бараат да се повлечат законите предупредувајќи дека не се реформски ниту пак се истите што ги изработиле работните групи, од кабинетот на министерот Игор Филков за Канал 5 велат дека ниту едно стекнато право на вработените не било укинато а со законските решенија се зајакнува правната сигурност и на јасен и предвидлив начин се уредува статусот на службите.

-Во однос на наводите дека постојат разлики во однос на текстовите изработени од работната група, потенцираме дека законите претрпеа одредени измени како резултат на новите системски решенија, особено донесувањето на Законот за административни службеници и склучените колективни договори, со цел обезбедување правна усогласеност и функционална кохерентност на целиот систем. Во понеделник предлог-законите се предвидени за второ читање во Собранието, каде што сите пратеници ќе имаат можност да поднесат амандмани. Токму преку оваа фаза на собраниска расправа ќе се овозможи дополнително прецизирање, унапредување и усогласување на текстот, со цел конечното законско решение да биде квалитетно, применливо и во интерес на институциите и граѓаните,- - Министерство за правда.

Претставници на судовите и обвинителствата на јавната расправа алармираа дека двата предлог-закона, наместо реформски, се дискриминирачки и ќе направат поделба меѓу персоналот во услови кога судовите и обвинителствата кубурат со кадар. Според нив клучно е тоа што законите ги препознаваат само стручните служби како посебни државни службеници додека другите вработени се изедначуваат со административни службеници што сметаат дека значи уназадување, пониски плати и нееднаквост.

-Со години укажуваме дека работата во јавното обвинителство не може да се третира како класична административна работа. Работиме со кривични предмети. Работиме со класифицирани информации. Работиме со финансиски истраги. Работиме со докази. Работиме во постапки кои директно влијаат врз кривичниот прогон и владеењето на правото. Токму затоа очекувавме закон што ќе ја препознае таа специфичност. Наместо тоа, добиваме закон во кој најголемиот дел од клучните прашања повторно се регулираат по логика блиска до државната администрација.,- изјави – Маја Петрова – Советник портпарол и Заменик претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства .

И двата закони се дел од реформската агенда и требаше да бидат донесени уште лани. Но бидејќи постапката доцнеше предвидено е најдоцна до декември годинава да бидат усвони во собранието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер