Шукова: ВМРО ги излажа граѓаните - наместо подобра преговарачка рамка и напредок кон ЕУ, донесе застој и изолација
2Шукова: ВМРО ги излажа граѓаните - наместо подобра преговарачка рамка и напредок кон ЕУ, донесе застој и изолација
3ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
МакедонијаМицкоски: Подучени од минатото ја водиме надворешната политикаСегашната генерација политичари во земјава и ЕУ е подготвена да ја поправи направената штета за македонските евроинтеграции, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Осум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, вели дека европските челници тогаш ни ветувале многу придобивки од таа спогодба, но Македонија се уште чека за почеток на преговори. Уверува дека подучени од минатото, како влада со аргументи водат надворешна политика со која внимателно ги решаваат предизвиците. Прашан дали планира средба со власта од Грција за неисполнетите обврски од нивна страна, Мицкоски рече дека со соседите имаме многубројни заеднички проекти и во секое време е отворен за средба со грчкиот премиер Мицотакис. Во меѓувреме, премиерот од Струмица најави дека владината реконструкција официјално ќе започне со разговорите со коалиционите партнери Вреди и ЗНАМ, договорени за во петок и сабота. Инаку, под мотото Македонија забрзува наша обврска, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струмица ќе го одбележи 36 роденден на партијата Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска- Попов: Поинтензивна соработка меѓу МЕРМС и МАНУ Поинтензивна соработка меѓу МЕРМС и МАНУ – македонски експерти да ги креираат стратешките политики за енергетиката и рударствотоМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна соработка меѓу Министерството и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини. На средбата беше истакнато дека современите предизвици во енергетскиот сектор, енергетската транзиција и одржливото управување со минералните суровини бараат силна поврзаност помеѓу институциите кои ги носат политиките и академската заедница која располага со долгогодишно знаење и искуство. Министерката Божиновска нагласи дека досегашната успешна соработка помеѓу Министерството и МАНУ, особено во подготовката на стратешките документи за развој на рударскиот сектор, претставува пример дека Македонија располага со врвни домашни експерти кои најдобро ги познаваат состојбите, потенцијалите и потребите на државата. „Мој личен и професионален став е дека Македонија има силен академски и стручен потенцијал кој треба многу повеќе да се искористи во креирањето на националните политики. Наместо да бараме решенија надвор, треба да покажеме дека имаме свои професори, академици и експерти со огромно искуство, кои можат да придонесат во изработката на стратешките документи и развојните планови за нашата држава. На тој начин градиме политики засновани на домашно знаење, практично искуство и национален интерес“, истакна министерката Божиновска. Во разговорите беше потенцирана и можноста за поинтензивна соработка со Одделот за технички науки при МАНУ, особено во делот на енергетиката, со цел научните достигнувања и експертските анализи уште поактивно да бидат вклучени во натамошното обликување на долгорочните развојни правци на македонскиот енергетски сектор. Како што беше нагласено на средбата, енергетиката денес се развива со исклучително брзо темпо, а новите технологии и европските трендови отвораат прашања кои до пред неколку години не биле предмет на националните политики. Новиот Закон за енергетика воведува современи решенија и области кои досега не биле целосно регулирани во домашното законодавство, меѓу кои батериски системи за складирање на електрична енергија, паметни и модерни мрежи, развој на електромобилноста, нови модели на производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и интеграција на современи технологии во енергетскиот систем. Воедно, Македонија ќе има и нов закон за обновливи извори на енергија, а значајни развојни процеси се одвиваат и во областа на енергетската ефикасност. Во тој контекст, беше оценето дека е особено важно научната и стручната јавност активно да придонесува во следењето на современите трендови и нивното соодветно вградување во долгорочните политики и развојни насоки на македонскиот енергетски сектор. Министерката Божиновска и академик Попов се согласија дека соработката меѓу институциите и научната заедница треба да биде континуиран процес, кој ќе придонесе кон носење квалитетни и одржливи решенија, засновани на домашно знаење, научни аргументи и експертски капацитети, во интерес на развојот на македонската енергетика, рударство и минерални суровини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаШукова: ВМРО ги излажа граѓаните - наместо подобра преговарачка рамка и напредок кон ЕУ, донесе застој и изолацијаВМРО пред две години им ветуваше на граѓаните поништување на Преспанскиот договор, репреговарање на Преговарачката рамка и подобри услови за Македонија, денес, по две години власт, нема ниту резултати, ниту конкретен план како понатаму.ВМРО пред две години им ветуваше на граѓаните поништување на Преспанскиот договор, репреговарање на Преговарачката рамка и подобри услови за Македонија, денес, по две години власт, нема ниту резултати, ниту конкретен план како понатаму, потенцираше рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. „Она што гледаме е дека ВМРО, не знае да носи државнички одлуки, ги гледа само своите и интереси, а најмалку интересите на граѓаните. ВМРО беа тие кои велеа дека ќе го укинат Преспанскиот договор и на граѓаните им ветуваа подобра преговарачка рамка. Ветуваа многу работи на граѓаните и во рок од овие две години ништо не е исполнето, порача Шукова, додавајќи дека Владата не само што не ги реализира ветувањата, туку државата ја држи во место без јасна стратегија и резултати. Во дебатата Шукова посочи дека Владата избегнува да зборува за реалните резултати и реализацијата во делот на реформите и Планот за раст, каде што Македонија не успеа да ги исполни обврските во предвидените рокови. „Иако Владата се пофали со исплатата на средства од Планот за раст, фактите покажуваат дека Македонија доби само 65,7 милиони евра, значително помалку од износот што можеше да го добие доколку навремено ги спроведеше предвидените реформи. Наместо целосна реализација на реформската агенда и повлекување на над 100 милиони евра предвидени средства, државата остана без значителен дел од финансиската поддршка поради неисполнетите обврски“, рече Шукова. Таа додаде дека Владата пласира само половина од вистината, премолчувајќи дека државата не ги реализирала реформите што се предуслов за целосна исплата на средствата. Шукова потсети дека реализацијата на реформската агенда сериозно доцни. „Од 10 системски закони ко ишто требаше да се донесат се донесени само два. Не се почитува временската рамка. Впрочем и заради тоа државата не ги спроведува реформите и ги губи парите кои што може да ги добие од Европската Унија“, нагласи Шукова. Скопје, 17.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изгледКејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители. Паралелно продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје. Со конкретни активности и инвестиции во јавните простори, продолжуваме да го уредуваме градот во согласност со потребите и очекувањата на граѓаните. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00