3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаФилипче: Наместо да се даде поддршка на оние што ја хранат Македонија земјоделството изумираПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање. „Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени да целиот сектор земјоделство во државата изумира“, рече Филипче. На средбата Филипче нагласи дека буквално сите земјоделци во земјава од сите региони, се соочени со големи проблеми и предизвици, доцни исплатата на субвенциите, а дополнително откупните цени се екстремно ниски. „Секој еден сектор во земјоделството е соочен со големи проблеми и предизвици, така и денес луѓето кои што произведуваат и одгледуваат раноградинарски култури, јачмен, зелка, цвекло, сите се соочени со истите проблеми. Нема исплата на субвенции и многу екстремно ниски откупни цена. Ова е само уште еден знак за тоталната негрижа на Владата за секторот земјоделство. Вкупната сума на субвенции е намалена. Укинати се парите од ИПАРД програмите од Европската Унија, затоа што се фатени претставници на власта во директна корупција“, рече Филипче. Филипче: Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во Босилово. Филипче посочи дека е лицемерно ВМРО да зборува за некакво забрзување кога цела држава, вклучително и земјоделството, оди надолу, во пропаст. „Каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО, организирана криминална група, слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган „Македонија забрзува“, може да им го честитам роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст“, рече Филипче. На средбата на која што земјоделците зборуваа за проблемите со кои се соочуваат изминатите две години поради погубните политики на Владата на ВМРО, Филипче нагласи дека власта го доведе земјоделството до пропаст. Исплатата на субвенциите доцни, а дополнително земјоделците се соочени со екстремно ниски откупни цени за производите. „Наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени со тоа што целиот сектор земјоделство во државата изумира. Земјоделците нема да работат повеќе поради тоа што никој не води грижа за нивните големи трошоци кои се екстремно високи, за нивните ниски откупни цени, едноставно луѓето не можат да преживеат“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter