МакедонијаПредложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот. Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.Тагови: притвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвропскиот парламент го разгледа извештајот за Македонија, гласањето ќе биде утреЕвропскиот парламент денес на пленарната седница во Стразбур го разгледа извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија, чие гласање е закажано за утре на пладне.Во дебатата претежно доминираше темата која бугарските европратеници ја покренаа за палењето на авомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, но и нивните критики за евроинтегративниот пат на земјава. Известувачот Томас Вајц пак, ја повика Европската Унија да испорача на истиот начин како што Македонија ги направила сите потребни реформи, но и барања за членство. Со оценката на Вајц се согласи и еврокомесарката за проширување Марта Кос. -Македонија беше предводник заедно со Словенија пред 20 години и мораме да кажеме, да земјата не ги направи реформите доволно брзо, но мораме да кажеме и дека ние од ЕУ дадовме ветувања кои не успеавме да ги исполниме и мораме да признаеме дека многу држави во регионот, но јасно и Македонија покажаа напредок, покажаа исполнување на реформи, изјави Вајц. -И се согласувам со господине Вајц, ако тие испорачуваат, треба да испорачаме и ние исто така. Кога ќе го дадеме кандидатскиот статус, има обврски исто така и од наша страна. Ајде да ги поддржуваме и да бидеме на нивна страна додека работат кон членство во ЕУ, изјави Марта Кос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
СветГ7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“Лидерите на земјите од Г7 се согласија на состанокот во Евиан дека притисокот врз Москва треба да се зголеми за да се стави крај на војната во Украина.Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите, исто така, најавија континуирана воена поддршка за Украина, вклучително и зајакнување на воздушната одбрана. „Тие, исто така, ќе го поддржат моментумот во корист на Киев на терен, обезбедувајќи ѝ на Украина капацитети за воздушна одбрана, средства за подобра заштита, средства за консолидирање на добивките“, додаде изворот. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе „направи сè што може“ за да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор, објави Франс 24. Трамп рече дека фокусот на Вашингтон претходно бил на Иран, но дека сега сака да се фокусира на Украина. Тој рече дека е охрабрен да се вклучи од големиот број жртви од двете страни и рече дека Русија треба да се согласи со договорот. „Единствената причина зошто се вклучувам е затоа што не ми се допаѓа да гледам како 25.000 млади луѓе умираат секој месец“, додаде тој. Францускиот претседател Емануел Макрон го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да остане до крајот на самитот, додека Зеленски ја поздрави подготвеноста на Г7 да изврши поголем притисок врз Москва. „Одлично е што сите разбираат дека Русија нема да победи и дека треба да извршиме притисок врз Путин да ја заврши оваа војна“, рече украинскиот лидер. Британскиот премиер Кир Стармер објави дека Велика Британија ќе ја снабдува Украина со збогатен ураниум за нејзините нуклеарни централи и ќе воведе нови санкции врз Русија. Канадскиот премиер Марк Карни објави нови канадски санкции насочени кон „флотата во сенка“ на Русија, нејзините приходи од енергија, нејзиниот сектор за одбранбена индустрија и актерите во дезинформациите. Извор: Б92Тагови: Г7 путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Свет„CNN“: Иран доби „оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“ Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“.Американските разузнавачки агенции неодамна проценија дека Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“. „Сега му ја предадовме на Иран де факто контролата врз теснецот - оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“, изјави извор запознаен со проценката за „CNN“. Висок американски функционер изјави за „CNN“ дека Иран не може да има корист од ниту една од придобивките од рамковниот договор доколу теснецот не остане отворен и Техеран не ги почитува другите точки за кои се согласил. Функционерот рече дека САД ќе ја олеснат блокадата додека Иран го обнови сообраќајот во теснецот. Друг извор запознаен со рамковниот договор рече дека Иран ги налутил Кина и земјите од Заливот обидувајќи се да го наруши слободниот проток на енергија низ теснецот. „Иран плаќа цена кога го прави ова“, изјави изворот за „CNN“.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter