10-годишниот Мухамед има 197 килограми и е најдебелото дете на светот!! - Канал 5

10-годишниот Мухамед има 197 килограми и е најдебелото дете на светот!!

Десетгодишниот Мухамед Арбрар од Пакистан јаде како четири возрасни луѓе и е најдебелото дете на светот со своите 197 килограми.

10-годишниот Мухамед има 197 килограми и е најдебелото дете на светот!!

Тој сега веќе не може нормално да оди, има потешкотии со движењето и не може долго да стои, поради што мора да замине на операција на смалување на желудецот за да не му биде загрозен животот.

Поради својата огромна килажа Мухамед е скоро неподвижен . Неговата загрижена мајка вели дека тој се родил како нормално дете.

-Мојот син е роден како нормално дете тешко 3,62 кг. Меѓутоа, многу брзо стана страшно гладен и секогаш плачење за јадење. Цицаше пета пати повеќе млеко од обичните бебиња. Морав скоро нон стоп да го дојам за да не помодре од плачење. Поради тоа веќе на 6 месеци тежеше 20 килограми. Беше толку голем што за него немаше пелени, па бев принудена пелените да ги шијам од платно, изјавила мајката на Мухамед Зарина.

Загрижената Зарина воедно истакнала дека работите се влошиле кога Мухамед престанал да цица и почнал да јаде нормална храна.

„Со само две години секој дена покрај оброците пиеше и најмалку две литри млеко.Како да имаше дупка во стомакот, секогаш беше гладен. До шестата година јадеше како четири возрасни мажи. Тогаш веќе тежење околу 95 килограми“ открила загрижената мајка.

Таа и нејзиниот сопруг загрижени за синот Мухамед пред два месеца стапиле во контакт со познатиот пакистански хирург доктор Маз ул Хасан кој се согласил да го оперира дебелото дете. Тој истакнал дека се надева оти Мухамед по зафатот конечно ќе може нормално да живее.

„На Мухамед со лапароскопска операција ќе му отстраниме дел од желудецот за да го намалиме неговиот апетит. Тогаш нема да мора да јаде големи количества на храна. Очигледно е дека килажата драстично ќе му се намали за само неколку месеци по операцијата“ изјавил др. Хасан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер