- Канал 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи

Европарламент гласаше за пакет нови правила за возачки дозволи што ќе важат низ целата Европска Унија.

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи

Реформата воведува дигитални возачки дозволи, построги правила за сообраќајните прекршители и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и хармонизирање на прописите.

Се очекува целосната имплементација да биде постепена, а клучните промени ќе стапат на сила помеѓу 2028 и 2030 година.

Забраните за возење ќе се применуваат низ цела ЕУ.

Еден од најважните случувања е тоа што забраната за возење воведена во една земја-членка ќе се применува низ цела ЕУ. Ова има за цел да се стави крај на практиката возачите чии дозволи се одземени во една земја да продолжат да возат во други.

Спротивно на тоа, казните што не вклучуваат забрана за возење остануваат одговорност на земјата во која е извршен прекршокот, а воведувањето на единствен европски систем на казнени поени е исто така напуштено.

Новите мерки беа донесени поради загрижувачката статистика што покажува дека околу 20.000 луѓе ги губат животите на патиштата на ЕУ секоја година. Италијанскиот европратеник Матео Ричи рече дека ова е „премногу“, нагласувајќи ја потребата од хармонизирани безбедносни стандарди.

Голем чекор напред е воведувањето на дигитална возачка дозвола, која ќе биде достапна на мобилен телефон. Ќе функционира слично на дигиталните банкарски картички или лични карти, значително поедноставувајќи го процесот на верификација. Европратеничката Јута Паулус истакна дека ова е особено корисна иновација за помладата генерација. Иако целосната имплементација на дигиталната верзија се очекува од 2030 година, возачите сè уште ќе можат да добијат класична возачка дозвола во форма на картичка по барање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје домаќин на регионална министерска конференција за демографските предизвици

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ се одржува денеска и утре во Скопје.

Скопје домаќин на регионална министерска конференција за демографските предизвици

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации.

Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел сесии со учество на министри, заменици-министри и претставници на меѓународни организации.

На отворањето ќе се обратат и министрите за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник генерален секретар и заменик извршен директор во УНФПА и Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа.

На првиот ден од конференцијата ќе се дебатира на панел сесиите: „Демографски трендови и јавни политики: од предизвик до отпорност“, „оспособување на луѓето: човечки капитал, политики ориентирани кон семејството, здраво и активно стареење“, „поддршка на луѓето во транзиција: пазар на трудот, социјална заштита, политики за миграција и дијаспора“ и „меѓународна и регионална соработка за демографска отпорност“.

Вториот ден конференцијата ќе ја отвори претседателот на собранието Африм Гаши, а предвидени се три тематски панел дискусии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА- Сан Антонио ја уништи Минесота

Сан Антонио ја уништи Минесота , а  феноменалниот француски центар Виктор Вембањама повторно го покажа својот  неверојатен талент.

НБА- Сан Антонио ја уништи Минесота

Сан Антонио ја победи Минесота со 133:95 претходната вечер и со тоа го израмни резултатот во серијата на 1:1, бидејќи „волците“ неочекувано го добија првиот натпревар во Тексас и со тоа само го налутија домаќинот.

Најефикасен играч на Спарс беше Стефон Касл со 21 поен, но и Виктор Вембањама одигра одличен натпревар, играше само 25 минути. Тој запиша 19 поени, 15 скока, две асистенции, две блокади и една украдена топка.

Во вториот натпревар што се одигра претходната вечер, Њујорк Никс ја победија Филаделфија со 108:102 и сега водат со 2:0 во серијата. Бренсон ги предводеше со 26 поени, додека Сиксерси - во отсуство на Ембиид - Макси со 26.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер