Дневен хороскоп за 7. мај 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 7. мај 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 7. мај 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. мај 2026 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гугл сака во вселената да ги префрли дата центрите- наскоро го лансираат првиот ВИ сателит (ВИДЕО)

На 1 октомври, Google ќе го лансира својот прв експериментален сателит со чипови за вештачка интелигенција. 

Гугл сака во вселената да ги префрли дата центрите- наскоро го лансираат првиот ВИ сателит (ВИДЕО)

Тоа е првиот конкретен чекор од проектот Suncatcher, со кој технолошкиот гигант тестира дали вештачката интелигенција еден ден би можела да се напојува од центри за податоци во орбитата, напојувани директно од енергијата на Сонцето.

Сателитот со големина на фрижидер наречен MVP ќе се лансира со ракетата Falcon 9 на SpaceX од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, објави New York Times. Лансиран е неколку месеци пред оригиналниот план. Имено, Гугл првично објави дека прототиповите развиени со Planet Labs ќе летаат на почетокот на 2027 година.

Станува збор за технолошки тест, а не за вистински центар за податоци. MVP носи четири Google TPU чипови, кои заедно имаат приближно компјутерска моќ на сервер во центар за податоци.

Сончевите панели ќе им дадат на чиповите околу еден киловат, што е доволно за фен за коса, но и за проверка на работата и издржливоста на хардверот во вселената. Сателитот сè уште треба да може да одговори на едноставни барања за вештачка интелигенција од орбитата и се очекува да работи околу една година.

Планет Лабс првично се согласи да лансира два сателити за Гугл во 2027 година, но Гугл инсистираше да влезе во орбитата подоцна оваа година и да преземе дополнителен ризик, рече Ерик Стивенс, директор за системско инженерство во Планет Лабс. За да го забрза процесот, Гугл ги инсталираше своите чипови во веќе завршен сателит од Планет Лабс, компанија во која инвестираше.

Ладењето е најголемиот проблем

Најголемиот инженерски предизвик е ладењето. Вентилаторите во вселената не работат, па Гугл разви слоевит систем кој спроведува топлина преку термички материјал, алуминиум и бакар до плочата на радијаторот. Чиповите можат да работат околу 15 минути, а потоа да се исклучат за да се изладат, рече Травис Билс, виш директор за управување со производи на Гугл за Проектот Санчечер.

Гугл го претстави проектот во ноември 2025 година. „Високите трошоци за лансирање историски се голема пречка за големите вселенски системи“, напиша Билс во тоа време. Тој додаде дека податоците за цените на лансирањата сугерираат дека до средината на 2030-тите тие би можеле да паднат толку многу што операциите на вселенските центри за податоци би можеле да станат споредливи со оние на Земјата.

Гугл сè уште планира да лансира два сателити следната година. На долг рок, според истражувачкиот предлог на компанијата, целта е кластер со 81 сателит кои би летале во формација широка околу еден километар и би комуницирале едни со други преку оптички врски. Извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи, го претстави проектот како еден од потфатите на компанијата на ниво на можното.

„Крајната цел е еден ден да имаме центри за податоци во вселената за подобро да се искористи енергијата на сонцето, која е сто трилиони пати поголема од сè што произведуваме на Земјата денес“, рече Пичаи во интервју за Fox News. „Не се сомневам дека за десет години ќе го сметаме за понормален начин за градење центри за податоци“, рече тој.

Другите раководители на Google се значително повнимателни. „Искрено, не очекуваме да имаме нешто корисно оперативно во следните неколку години“, рече Џејмс Маника, виш потпретседател за истражување на Google, споредувајќи го проектот со раните истражувања на Google за автономни возила.

Позадината на проектот е растечката енергетска глад на вештачката интелигенција. Меѓународната агенција за енергија проценува дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци приближно ќе се удвои до крајот на деценијата, на речиси 1.000 терават часови.

Гугл не е сам

SpaceX побара дозвола од Федералната комисија за комуникации на САД за лансирање дури еден милион сателити, а Елон Маск има за цел да лансира орбитални центри за податоци со вештачка интелигенција кон крајот на следната година. Стартапот Starcloud, поддржан од Nvidia, го испрати својот прв сателит со чипот H100 на Nvidia во орбитата во ноември 2025 година.

Основачот на Blue Origin, Џеф Безос, верува дека центрите за податоци ќе завршат во вселената, но само во следните неколку децении.

Меѓу најгласните скептици е шефот на најголемата светска компанија за облак. „Сè уште нема доволно ракети за лансирање милион сателити, па затоа сме далеку. Цената за испраќање товар во вселената денес е огромна“, рече Мет Гарман, извршен директор на Amazon Web Services. „Едноставно не е исплатливо.“

Кетлин Карли, аналитичарка во Центарот за безбедност и технологии во развој (CSET) на Универзитетот Џорџтаун, кој ја проучува вселенската економија на САД, рече дека луѓето се цинични затоа што концептот во моментов е технолошки неизводлив. „Ни велат дека е 2030, 2035 година - и навистина не мислам дека е можно. Но, на долг рок, е можно“, рече таа.

Ребека Рид, поранешна помошничка администраторка на НАСА и помошничка директорка на Програмата за технологии во развој и глобална политика на Харвард, предупреди во есеј за Фајненшл тајмс дека постојат значителни еколошки проблеми, како и отворени прашања за трошоците и работната сила.

Таа го цитираше извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, кој го нарече третирањето на орбитата како заобиколување за енергетски интензивната обука на моделите со вештачка интелигенција „смешно“.

Серија пречки

Аналитичарите, исто така, посочуваат на серија технички пречки: дисипација на топлина во вакуум, заштита на хардверот од зрачење, ризик чиповите да станат застарени пред скапото лансирање да се исплати и потребата од доволно силни врски помеѓу Земјата и вселената. Научниците, исто така, предупредуваат дека толку многу сателити, без оглед на големината, би биле штетни за животната средина, поради загадувањето на атмосферата и ризикот за озонската обвивка.

Постојат и поумерени гласови. Џеф Торнбург, извршен директор на Portal Space Systems и поранешен инженер на SpaceX кој го водеше развојот на моторот Raptor, го гледа преместувањето на центрите за податоци во орбитата за соларна енергија како логичен потег, иако предупредува дека изградбата нема да биде брза или евтина.

„Инженерите ќе најдат начин да го направат тоа да функционира“, изјави тој за Fortune. „На долг рок, само е прашање колку време ќе ни треба.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран инсистира на дипломатско решение, откако Трамп го отфрли мировниот план

Иран денеска нагласи дека само дипломатијата може да го реши конфликтот со САД и Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го отфрлил предлогот на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на конфликтот.

Иран инсистира на дипломатско решение, откако Трамп го отфрли мировниот план

„Нашите услови се јасни и секој чекор кон повторно отворање на Ормутскиот теснец зависи од исполнувањето на тие услови“, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на социјалните мрежи. „Само договорено решение може да ги извлече од овој ќорсокак“.

Порано оваа недела, Иран објави мировен предлог на Генералното собрание на ОН во Њујорк, велејќи дека тој им бил доставен на Американците преку катарски посредници. Во саботата, Трамп изјави дека го отфрла планот и рече дека очајот ги тера Иранците да бараат договор за клучниот морски премин.

„Тие сакаат веднаш да постигнат договор за отворање на Ормутскиот теснец бидејќи трпат големи загуби“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

И покрај јавните изјави на Трамп, медијаторите што ги олеснуваат преговорите меѓу САД и Иран официјално не го пренесоа отфрлањето на планот од страна на САД, според Арагчи.

„Чекаме медијаторите да ни ги пренесат своите конечни ставови, а ние ќе донесеме одлука врз основа на нив“, објави Арагчи.

Економски притисок и посредништво на САД

САД воведоа економска блокада врз Иран за да извршат притисок врз Техеран да ги запре нападите врз бродовите во Ормутскиот теснец. Овие напади драстично го намалија поморскиот сообраќај во областа, и покрај постојаните тврдења на Трамп дека САД го контролираат преминот.

„Волстрит џурнал“ прв објави дека Трамп го отфрлил иранскиот предлог, повикувајќи се на неименувани американски претставници. Се вели дека Трамп приватно изразил сомнеж дека Иран ќе ги исполни неговите барања и дека им рекол на помошниците дека смета дека е веројатно продолжување на кампањата за бомбардирање по среднорочните избори во САД во ноември.

Американски функционер претходно изјави дека разговорите со Иран преку посредник биле „позитивни и конструктивни“.

Конфликтот ги наруши испораките на нафта и ја оштети глобалната економија

Иранците, исто така, им се обратија на своите саудиски соперници во врска со Ормутскиот теснец, нагласувајќи го влогот на седуммесечниот конфликт што го наруши протокот на нафта низ клучниот морски пат и негативно влијаеше врз глобалната економија.

Арагчи им изјави на новинарите во Обединетите нации во петокот дека предложениот договор ќе започне седумдневно одбројување до повторното отворање на теснецот и ќе доведе до прекин на борбите во регионот. „Доколку постои сериозна намера од американската страна да се постигне договор и повторно да се отвори Ормутскиот теснец, сè е подготвено сега“, рече Арагчи. Доколку САД се согласат, завојуваните страни би можеле да започнат пошироки преговори „за теми на меѓусебна согласност“.

Нуклеарната програма останува точка на спорот

Тоа потенцијално би можело да вклучува дискусии за нуклеарната програма на Иран. Трамп рече дека Техеран никогаш не смее да има нуклеарна бомба, додека висок ирански функционер за Ројтерс изјави дека Иран нема да покаже флексибилност во врска со својата нуклеарна програма, дури и ако САД го прифатат неговиот мировен договор.

Иран нема да се согласи на никакви отстапки во врска со своите права, вклучително и збогатување на ураниум или извоз на високо збогатен ураниум од земјата, рече функционерот.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во интервју за емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес изјави дека Техеран е подготвен да преговара за својата нуклеарна програма и други прашања, но нема да прифати „малтретирање или принуда“.

„Иран не бара војна, но ќе се брани од притисоци, закани и напади“, рече Пезешкијан, додавајќи дека веќе е постигнат договор дека „не треба да развиваме нуклеарно оружје“.

Војната трае веќе седум месеци

Претходните дипломатски напори не успеаја да ја завршат војната што започна на 28 февруари со американски и израелски напади.

Оттогаш, војната се менуваше помеѓу затишје и обновени напади, убивајќи илјадници, а воедно ослабувајќи ги конвенционалните сили на Иран и оштетувајќи ја веќе заболената економија на Иран. Иран и неговите сојузници возвратија со ширење на конфликтот во целиот регион. Иран ги нападна американските сојузници во Заливот со беспилотни летала и ракети, додека неговите сојузници Хути во Јемен ги таргетираа саудиските интереси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Пучистите седат со проруска Левица кои велат „НАТО убива за профит“, а бараат промени во СДСМ

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси .

Филипче: Пучистите седат со проруска Левица кои велат „НАТО убива за профит“, а бараат промени во СДСМ

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси и која, при посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието истакна транспарент „НАТО убива за профит“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Вчера видовме на едно место мала група на поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии, на ЛДП, луѓе од ЗНАМ и Левица, партијата која што има целосно спротивни вредносни политики од нашите. Партијата која што при гостувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, држеше транспарент во Собранието: „НАТО се убијци“. Сите тие седнати на едно место, сите сателити на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој посочи дека поранешните функционери една година наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети и лаги, а сега излегуваат во јавноста, токму во момент кога СДСМ открива скандали и криминали на власта.

Филипче ги посочи прашањата поврзани со дата-центрите, водата за земјоделците, петте нови рудници, економските и финансиските политики, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите, како и Ходник дипломатијата на Мицкоски.

„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат. И овој обид и овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица, партијата која што отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики?

Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето кои што во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец“, рече Филипче.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер