„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
2„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕкономијаДимитриеска Кочоска – Каменицки: Словачка ќе го сподели искуството со Македонија во спроведување на реформитеБратислава- Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка.Словачка е силен поддржувач на македонската евроинтеграција, спроведување на рефомите коишто се во насока на остварување на овој процес и пренесување на своето искуство. Ова беше констатирано на тет-а-тет средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за финансии на Словачка Ладислав Каменицки. На средбата беше истакнато дека Словачка е заинтересирана за трансфер на know-how во Mакедонија, во областите за кои смета дека е најподготвена, а кои се од големо значење на нашата земја во исполнувањето на неопходните ЕУ критериуми. При тоа на средбата беше нагласено дека Словачка е подготвена за пренос на знаење во областа на јавните финансии, борбата против даночното затајување,како и во областа на јавните инвестиции. Дополнително, беше потенцирана и силната поддршка која ја дава за имплементацијата на Националната развојна стратегија, како клучен документ што ги насочува идните развојни политики. Министерката потенцираше дека Владата и Министерството за финансии остануваат фокусирани на одржување на макроекономската стабилност и стабилност во јавните финансии, спроведување постепена фискална консолидација, како и остварувување на повисоки стапки на економски раст, поттикнати и преку реализација на јавни инвестиции. Станува збор, како што наведе министерката, за реформи и чекори коишто се приоритет во владините програми, но и во мерките и политиките коишто се разговараа и на вчерашните состаноци во Брисел. Соговорниците констатираа дека економската соработка меѓу двете земји треба да се унапреди и дека во таа насока е неопходно продлабочување на бизнис поврзувањето, размена на информации и реализација на заеднички проекти. Министерката Димитриеска-Кочоска на покана на министерот Каменици престојува денеска и утре во Република Словачка. Во рамки на посетата одвоени средби ќе остварат делегациите на двете земји, како и државните секретари од министерствата за финансии. Заедничка прес-конференција ќе одржат министрите Димитриеска-Кочоска и Каменицки.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДачија: Фабриката во Романија е во опасност, иднината е неизвеснаДачија ќе го намали производството за двоцифрен процент во 2026 година, додека околу 1.700 вработени веќе ја напуштиле компанијата во изминатата година, предупреди извршниот директор Михаи Бордеану.Во разговор за романските медиуми, тој рече дека верува оти фабриката во Миовени станува помалку конкурентна, првенствено поради високите цени на енергијата, но и поради зголемувањето на трошоците за работна сила. Бордеану предупреди дека групацијата Рено затоа би можела да префрли дел од своето производство во други земји, вклучувајќи ги Шпанија, Мароко и Турција, каде што веќе постојат производствени капацитети. „Стануваме помалку конкурентни“, рече Бордеану, додавајќи дека романската влада мора да преземе мерки во областите на цените на енергијата, даноците и деловната политика. Според него, платите во Миовени не можат да растат бесконечно и постојано да ја надминуваат инфлацијата, бидејќи тоа дополнително ја проширува разликата во трошоците во споредба со другите фабрики на групацијата Рено. Сè уште нема одлука за целосно повлекување на производството од Романија, но пораката од директорот на Дачија јасно покажува дека конкурентноста на фабриката станува сериозен проблем. Извор: Б92Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено лице во Радовиш, при претрес пронајдена марихуанаПо целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера (11.09.2026) во 19:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот законик. Врз основа на наредба од Основниот суд Радовиш, извршен е претрес во домот и други простории што ги користи лицето во Радовиш, при што била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален. Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа. Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија. Looks like Windows 11 is getting its own battery status widget soon, which will show an overview of batter levels across all your connected devices. Pretty neat! https://t.co/EceNiSU3yj pic.twitter.com/loyFi5iK7G — Zac Bowden (@zacbowden) September 7, 2026 Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност. Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook