МакедонијаУсловни казни за полицајците во случајот со трагедијата во дискотека „Пулс“Условни казни за тројцата полицајци од Кочани кои по акција во дискотеката Пулс во 2023 година повеле прекршочни постапки против непостоечко правно лице. Но ниту тие ниту нивните адвокати не дојдоа во скопскиот Кривичен суд да ја слушнат објавата на пресудата која судијката Лидија Петровска ја прочита пред единствено присутните новинари. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условна казна од една година затвор која нема да се изврши ако во следните три години не сторат ново кривично дело. А поранешниот командир на ПС Кочани, Александар Темелков, доби условна од 2 години ако не стори ново кривично дело во следните четири години. Во образложението судијката Пертровска рече дека тие во записниците внесувале податоци врз основа на општо познат факт дека Дејан Јованов Деко е сопственик на дискотеката Пулс, наместо врз докази . -Како пресудна олеснителна околност за изборот на овој вид санкција судот го ценеше фактот што обвинетите не се осудувани претходно, семејни луѓе се, но пред сè, тоа што нивните дејствија не резултирале со непосредни штетни последици што би можеле да се доведат во директна причинско-последична врска со настанот во дискотеката кој предизвика последици од ненадоместлив карактер. Иако констатирале прекршок, тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не извршиле увид во соодветна документација,- изјави – Лидија Петровска – Судија. И тројцата претходно негираа вина. Според нивната одбрана при акциските контроли тие немале обврска да бараат лиценца за работа. Ова е прва судска пресуда за предмет поврзан со дискотеката Пулс каде лани во пожар животот го загубија 63 лица а над двесте беа повредени. Уште два предмети се водат пред кривичниот суд во кои се опфатени полициски службеници. Во едниот обвинети се девет лица околу издавањето на согласност за издавање на лиценцата. 13 полицсики службеници пак ќе одговараат бидејќи и покрај акцискиот план на 16 март не спречиле активирање на пиротехника во дискотеката Пулс. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook