ПСЖ на 30 мај во Будимпешта ќе го брани трофејот во ЛШ - Канал 5

ПСЖ на 30 мај во Будимпешта ќе го брани трофејот во ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ, актуелниот освојувач на европскиот трон  ќе биде противникот на Арсенал во големото финале на 30 мај во Будимпешта во најеминетното фудбалско натпреарување на светот Лигата на шампионите. 

ПСЖ на 30 мај во Будимпешта ќе го брани трофејот во ЛШ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се вторите финалисти од Лигата на шампионите откако во два меча со вкупни 6-5 ја добија полуфиналната пресметка на гиганти против Баерн Минхен.

Гостите од Париз уште во третата минута со голот на Кварцелија ја замолчеа преполната Алианц арена во Минхен. Во продолжението избраниците на Компани со сите сили се обидуваа да ститгат до голот на противникот но за жал тоа не им појде од рака. Конечниот епилог на полуфиналниот реваш Баерн - ПСЖ 1-1 го постави извонредниот Хари Кејн со гол во судиското продолжение што беше неговиот 15 погодок во шампионската лига сезонава.

ПСЖ сега го чека големото финале против Арсенал во Будимпешта, додека Енрике ќе има шанса да освои трет трофеј од Лигата на шампионите како тренер, по неговиот успех со ПСЖ и Барселона во 2015 година. Од друга страна, Баерн ја продолжи својата негативна серија. Тој беше елиминиран во полуфиналето и по шести пат по ред во два натпревари од оваа фаза од натпреварувањето, со што соништата за 12-то финале останаа неостварени.

За ПСЖ ова ќе биде третото финале во историјата, второ во низа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини.

Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Скопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град.

Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина.

Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди.

Затоа што го сакаме Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Карпош: Започна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од Карпош

Започна седумдневниот заслужен летен одмор за првенците на генерација и најдобрите спортисти од Општина Карпош.

О.Карпош: Започна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од Карпош

Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, од денеска ќе биде побогат за уште неколку талентирани ученици и спортисти од Карпош, кои ќе имаат можност да се дружат и да поминат заедно дел од летниот распуст.

Локалната самоуправа финансиски го обезбеди престојот на првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласени ученици-спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026. Во истоимениот детски камп, Општина Карпош обезбеди неколкудневен престој и за осумте ученички – одбојкарки од Карпош кои го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник, Св. Ѓоргија.

Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува младите умови и да ги наградува, како поттик да продолжат напред со нивното образование и наука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер