„Само Вистина“ со Ристо Никовски и Александар Трајановски - 21.04.2026 - 2 дел - Канал 5

„Само Вистина“ со Ристо Никовски и Александар Трајановски - 21.04.2026 - 2 дел

„Само Вистина“ со Ристо Никовски и Александар Трајановски - 21.04.2026 - 2 дел
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Магично утро во археолошкиот локалитет Кокино

На денот на летната дологдневница и првиот ден од летото..

Магично утро во археолошкиот локалитет Кокино

Впечатливиот природен и астрономски феномен со векови привлекува постетели од земјата и светот, научници и истражуавачи..

Од Министерството за култура и туризам информираат дека посетата е дел од активностите за афирмација и промоција на македонското културно наследство, како и од подготовките за одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од откривањето на Кокино, јубилејот ќе биде одбележан во текот на целата 2026 година.

Кокино, чија старост се проценува на околу 4.000 години, е едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку државата успева да ја промовира туристичката понуда

Колку успева Македонија во промоцијата на своите историски и туристички локалитети, кои се слабостите и што може државата да превземе во следниот период.. 

Колку државата успева да ја промовира туристичката понуда

Планини, езера, историја, добро вино и одлична кујна – освен Охрид и Скопје, останатите убавини во земјава остануваат непознати за странските туристи – па се отвора прашањето, дали државата знае да ги понуди и да им ги „продаде“ на потенцијалните посетители? Според универзитетскиот професор – Љупчо Јаневски, Македонија и во 2026 година останува неконкуретна, бележи просек од две ноќевања, што ја прави екскурзиска дестинација. Решение за ваквата состојба гледа во најавената национална стратегија која, која веќе доцни а која треба да воспостави стандарди, соодветна понуда и инфраструктура.

„Тоа што го имаме во нашата земја можеме да го набројуваме до утре, но ако ние не го промовираме и не создадеме човечки ресурси кои што истото ќе го спакуваат во еден пристоен туристички производ, ние ништо не сме направиле. Треба да работиме на повеќе полиња, сериозно да го сфатиме туризмот и туристичката индустрија, што според мене треба да биде еден од петте столба на македонската економија. 2024 и 2025 се во пад, што кажува дека не сме доволно конкуретни со регионот, не сме создале доволно добри викенд пакети, но и атрактивност на самата дестинација.“

Дури и туристите од регионот не знаат за повеќе од Скопје и Охрид – а, и главниот град го сведуваат на прошетка на плоштад или пазарење во трговските центри, Матка, Аквадуктот и Козјак меѓудругите остануваат помалку посетени.

„Последните две години Македонија е навистина популарна, особено Охрид и Скопје, тоа е последните две години, Скопје почна многу повеќе да се бара, отколку претходните години. Во поголемиот од случаите се работи за едно ноќевање, евентуално две или во склоп со Охрид се прави еднодневен излет до Скопје. За повеќе денови не знам дали би било премногу интересно и не знам што уште би можело да се понуди да им биде интересно на сите патници.“

Министерот за култура и туризам – Зоран Љутков, пред 10тина дена на брифинг со новинарите порача дека се изготвува сеопфатна анализа од домашни експерти, во консулстација со сите учесници во секторот. Стратегијата, Љутков очекува да биде готова до крајот на годината и конечно да го трасира туристичкиот правец на земјава.

„Досега сите национални стратегии се носеле во многу краток период, и без никаква анализа. 27. 55 - Овој стратешки документ се носи врз база на сеопфатни анализи, прв пат се прави толку долга и сеопфатна анализа и во делот на културата и во делот на туризмот, бидејќи кога ќе видите од претходните стратегии дека во делот на културата стратегијата има реализација 5,6 проценти, а во делот на туризмот можеби и 0%, тогаш сфаќате дека ви е потребен подруг пристап.“

Според експертите, Македонија треба да воспостави одржлив туризам, кој би се протегал сите 12 месеци во годината, со подготвена понуда за секоја сезона. Поразително е велат, пред се, што и домашните туристи „бегаат“ на викенд надвор од земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна жетвата- земјоделците се загрижени поради ниските откупни цени

Почна жетвата на јачменот а за десетина дена почнува и жетвата на пченицата. Земјоделците загрижени од ниските откупни цени бараат државата да донесе минимална заштитан цена. 

Почна жетвата- земјоделците се загрижени поради ниските откупни цени

Почна жетвата и откупот на јачменот а наскоро комбајните влегуваат и во посевите под пченица. Ниските откупни цени на јачменот ги загрижуваат производителите на лебно жито дека и годинава на откупот ќе ги чекаат ниски откупни цени и заработката од оваа кулутур која е значајна за земјава ќе биде ниско доходовна. Од националната земјоделска мрежа бараат државата да излезе со јасна пресметка колкава е производната цена за пченицата за да се види дека има пореметување на пазарот што по закон е основа за да интервенира државата. Од таму бараат како што има јасна законска обврска да се изготвува производна цена за грозјето до 15 јули така да има државата обврска да пресметува производни цени за сите позначајни кулури со што ќе застане во одбрана на земјоделците да не работат со загуба а воедно ќе има основа за спроведување на законот за нефер трговски практики бидејки ке се знае почетната цена на ској производ и нема да се дозволи драстично поскапување од нива до потрошувач

Од Министерството за земјоделство најавија за претстојаната недела изјава околу пченицата и јачемот а во својот став истакнуваат дека

„Висината на откупната цена на цена на пченицата и јачменот се формираат согласно пазарните услови. Законот за земјоделство и рурален развој предвидува доколку има потреба државата да интервенира на пазарот преку мерки, вклучително и интервентен откуп и утврдување интервентна цена во услови на пазарни нарушувања со цел стабилизација на пазарт и заштита на земјоделските производители. “

Од Министерството за земјоделство за Канал 5 изјавија дека вниматено ќе се следи состојбата и редовно ќе се комуницира со земјоделците и откупувачите а воедно потсетуваат дека на производителите на житарици на располагање им е мерката за складирање во сместувачки капацитети на сметка на државата која можат да ја искористат до средината на септември па потоа да чекаат подобри цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер