МакедонијаФилипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителитеФилипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-ОблешевоПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен - оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните земјоделски гранки во државата. Земјоделците производители на ориз на средбата алармираа дека големи количини на ориз од ланската година стојат по амбарите, бидејќи нема откуп. Филипче посочи дека земјодеците немаат никаква информација ниту за откупните цени, ниту за субвенциите за новата сезона. „Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче. Притоа, Филипче додаде дека дополнителен удар за оризопроизводителите се најавите дека откупната цена ќе биде ниска и недоволна да ги покрие ниту основните трошоци за производство. „Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска. Додека во времето на нашите влади откупната цена беше над 40 денари, сега е по 20 денари за килограм. Неколкукратно трошоците за производство ги надминуваат откупните цени. Дополнително, нема откуп и нема доволна количина која се откупува од оризот“, рече Филипче. На средбата, Филипче нагласи дека поради негрижата на Владата на ВМРО, земјоделците ја губат довербата во институциите, а состојбата во оризопроизводството е директна последица на негрижата и неспособноста на власт. „Трагична, трагична незаинтересираност на власта. Огромна разочараност има кај земјоделците. Губат верба во државата поради лошата Влада, гледаат дека во производството на ориз практично немаат никаква иднина и луѓето стравуваат дека целиот овој сектор практично може да се соочи со прашањето дали воопшто ќе функционира во следниот период, во капацитетот во кој што тука бил со децении. Од овие плодни полиња коишто ја хранеле Македонија, кои што биле извор на репроматеријали, ориз и сѐ друго што се произведува тука, кое се извезувало од нашата земја, а тие сега се соочени сега со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон МоскваАвион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник. Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи. Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди. Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на КонгресотДемократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта. Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците. На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп. Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години. Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот. Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00