„Само Вистина" со д-р Венко Филипче - Канал 5

„Само Вистина" со д-р Венко Филипче

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше д-р Венко Филипче.

„Само Вистина" со д-р Венко Филипче

Ние немаме ингеренции за контрола и казување, но затоа ги зголемивме ингеренциите на институциите, маската е вакцина, пред вакцината, нападите на опозицијата се поради немање суштински идеи, треба ли во цел свет министрите за здравство да си поднесат оставки, праша министерот за здравство, Филипче.

Вело Марковски е екпрертот на којшто постојано се потпира опозицијата,а тој тврди дека нема корона вирус, рече Филипче. Членови на актуелната комисија се долгогодишни стручњаци, епидемиолози и инфектолози, не ги имаме без број, ограничени се имињата со кои располагаме, сите имаат огромно искуство во менаџирање епидемии со години наназад и во целост им верувам, рече министерот за здравство, Филипче.

Крајно време е да се почитуваат мерките онака како што се пропошани. За сега овие мерки се доволни, не видовме трансмисија нс вирус онаму каде што се почитуваат мерките, докажано е дека маските штитат во затворен простор, ако налетате на асимптоматски преносители надвор токму маската ќе ве заштити, рече министерот за здравство, Филипче.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечни производи и алкохол.

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада

Секојдневните потрошувачки производи како вино и стапови за хокеј и индустриски стоки како цемент се меѓу целните стоки.

Сепак, неколку клучни извозни производи ќе бидат поштедени, како што се енергијата, критичните минерали и рибата.

Премиерот Марк Карни одговори велејќи дека Канада е подготвена да ги „интензивира“ трговските разговори со САД во наредните недели.

Белата куќа соопшти дека царините ќе стапат на сила за 30 дена. Тоа означува голема ескалација на трговските тензии меѓу северноамериканските соседи.

Новите давачки се однесуваат на сите опфатени стоки, без оглед на тоа дали производот бил вклучен во постојниот договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико.

Тој, исто така ги наведе „заканите за канадскиот суверенитет“, повикот на Трамп северниот сосед на Америка да стане 51-ва американска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Аргентина се откажа од прославата по поразот во финалето, но народот не послуша

Според аргентинските медиуми, само мал број навивачи и новинари се собраа пред хотелот на националниот тим во Њу Џерси за да ги испратат вицешампионите од Светското првенство на нивното патување кон дома. 

Видео: Аргентина се откажа од прославата по поразот во финалето, но народот не послуша

Аргентинската репрезентација сакаше мирно враќање дома по болниот пораз од Шпанија во финалето на Светското првенство, но емоциите на навивачите беа посилни од каква било одлука.

И покрај тоа што играчите и стручниот штаб побараа да не се организира пречек или парада, стотици илјади Аргентинци се собраа во Буенос Аирес за да ги поздрават своите фудбалски херои – меѓу кои не беше присутен капитенот Лионел Меси.

Улиците на главниот град беа преплавени со знамиња, песни и факели додека навивачите со часови го очекуваа пристигнувањето на националниот тим. Снимките што ги преплавија социјалните мрежи ја доловуваат спектакуларната атмосфера, како и искрените емоции на играчите; тие не ја криеја својата радост поради поддршката што ја добија, и покрај болниот пораз во борбата за светската титула.

За Буенос Аирес полетаа два чартер-лета. Во едниот авион беа играчите, стручниот штаб и претставниците на федерацијата, додека другиот ги превезуваше членовите на семејствата и официјалните лица.

Капитенот Лионел Меси не се врати во татковината заедно со остатокот од репрезентацијата. Претходно беше објавено дека некои членови на тимот ќе останат во САД по финалето или ќе отпатуваат директно во Европа за да им се приклучат на своите клубови или да започнат со одморот.

Меѓу нив се: Енцо Фернандез, Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Кристијан Ромеро, Науел Молина, Херонимо Рули, Николас Паз и Хуан Мусо.

Аргентинската фудбалска асоцијација им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во текот на турнирот, нагласувајќи дека националниот тим повторно стигна до финалето благодарение на единството на екипата и огромната поддршка од трибините. Во меѓувреме, аргентинската влада се откажа од претходно разгледуваната идеја за прогласување државен празник и организирање голем прием.

Иако претседателот Хавиер Милеи ја понуди претседателската палата Каса Росада за потенцијална прослава, беше одлучено - по разговорите со Асоцијацијата и тимот - дека нема да има јавна прослава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална посета на претседателката на Репулика Индија, Друпади Мурму

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска  ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Официјална посета на претседателката на Репулика Индија, Друпади Мурму

Индиската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет Средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките.

Предвидено е претседателката на република Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Попладнево ќе се одржи македонско индиски бизнис форум на кој ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.,.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер