Во сообраќајки загинаа 16-годишник и 22-годишно момче

Две млади момчиња ги изгубија животите во сообраќајни несреќи синоќа..

Зголемената раздвиженост на возила по патиштата го зголеми и бројот на сообраќајни несреќи во кои има и човечки жртви. Исклучок од црната статистика на патиштата низ земјава не се ни младите. Две момчиња загинаа во несреќи синоќа. Во едната 16-годишник возејќи мотоцикл живото го загуби при судир со автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Во друга пак во сообраќајна несреќа загина 22 годишник во кратовско.

Причините за трагичните сообраќајни несреќи, универзитетскиот професор Борис Мургоски ги наоѓа во непочитувањето на сообраќајните правила, како и лошата и небезбедна патна инфраструктура.

Најизложени на ризик по животот се моторциклистите, особено тие што не носат заштитна опрема. Како и секое лето, проблем особено во Скопје се и дивите трки.. Полицијата синоќа повторно органзиираше акција, во која казнила 24 моторџии, а одзеле и еден мотор.

Измените на Законот за безбедност во сообраќајот со кои меѓудругото МВР предлага построги санкции токму за мотоциклистите остана заглавен во собраниската процедура.. Се очекува да се најде на дневен ред многу скоро по конситуирањето на новото собрание, закажано за во вторник.

Павле Трајанов и Љупчо Пренџов во „Само Вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Павле Трајанов и Љупчо Пренџов

Трајанов изнесе оптимизам дека во наредните 2-3 дена Заев ќе успее да обезбеди парламентарно мнозинство врз основа на што би го добил мандатот за формирање влада. Според Трајанов ДУИ уценувале за премиер Албанец во рок од 6 месеци до една година и за повеќе места на извршни функции поради поголемиот број освоени пратенички мандати.
Пренџов истакна дека ако Заев и Ахмети ја сочинуваат повторно идната владејачка коалиција тоа би било погубно за Македонските евроинтеграции зашто дури тогаш ЕУ немало да ни даде датум за преговори , поради големиот криминал и корупција што го направиле овие две партии.

Трајанов и Пренџов спорат на што се должи бројот на освоени гласови во првата изборна единица.Според Трајанов голем број гласови на коалицијата ,,Можеме“ се изгубиле поради уставните измени и промената на името а дека опозицијата не сакала да учествува во процесот а сакала да ги користи бенефитите.

Пренџов ги оцени за измама сите,,прелети“ на пратеници од една во друга партија во Собранието,измама за која треба да се одговара. Иако дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Пренџов рече дека за ГРОМ системот на меници за пратениците не бил познат и не се применувал.
И Трајанов рече дека е против менување на партискиот дрес. Рече дека бланко поддршка за новата влада нема и дека ако Заев не успее да формира влада, тие како ДС ќе бидат во опозиција.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Без масовно присуство на протестот за спас на Универзална сала

Вечерва изостана масовноста на протестот  за спас на Универзалната сала, кој преку иницијативата Солидарни за срцето на Скопје се најавуваше последните денови.

Иницијативата на фејсбук, потекна по објавата на конкурсот, за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти, би требал да никне на местото на „Универзална сала“.

По бурните реакции во јавноста на иницијативата и се придружија повеќе уметници.. Но вечерва немаше масовна присутност а речиси и никој од присутните не сакаше да зборува пред камерите.. Но тоа го стори еден од поранешните директори на Универзална, Петар Георгиевски.

Шилегов објави видеа од диносаурусите во Зоолошка

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави видеа од неколку диносауруси кои денеска имале проверка пред монтажата на големите праисториски животни во Дино паркот во Зоолошката градина.

Во овој парк ќе има 41 диносаурус во природна големина. „ Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.

Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

притисни ентер