Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
МакедонијаШверц на клинички: Доктор и медицинска сестра фатени со криумчарен ботокс од 10.000 евраСпречен нов обид за криумчарење ботокс во земјава, од страна на Царинската управа. Доктор и медицинска сестра од клинички центар зарабоииле кривична пријава, заради обидот да внесат нелегална пратка со медицински естетски препарати во вредност од околу 10.000 евра. Како што соопштија од Царинската управа, случајот бил откриен од службеник кој при детална контрола на поштенска пратка утврдил дека наместо 10 козметички производи наведени во приложената фактура, во пратката имало дури 199 непријавени вијали со ботокс, кои доаѓале од Република Кореја. Случајот веднаш бил предаден на Одделението за истраги, а по наредба на јавен обвинител биле преземени повеќе предистражни дејствија и претреси на три различни локации. -Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, била наведена како примач на пратката.. Со согласноста нарачката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата ја платила од своја трансакциска смета, таа му помогнала во кривичното дело. - велат од царината. Инаку, пред само два месеци, во една од поголемите акции на полицијата и обвинителството за нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати, шест лица завршија во ефективен, четворица во куќен притвор, а деветмина добија мерки на претпазливост. Акцијата се одвиваше во Скопје, Струмица и Битола, а беа опфатени случаи на нелегален увоз и дистрибуција на ботокс и филери, набавувани од Србија, Кореја и Турција. Во истрагата беа опфатени и доктори од Клиниката „8 Септември“, од Универзитетската клиника за дерматологија, сопственици на приватни дерматолошки ординации, како и царински службеник кој се сомничи дека примил поткуп за да овозможи влез на нелегалната стока во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08